Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Излезе од печат декемврискиот број на Гласилото на ЗЕЛС
10 јануари 2020
 

ЗЕЛС реализира бројни активности во месец декември, меѓу кои беше и одржувањето на петтата седница на Генералното собрание, највисокото тело на Заедницата. Делегатите усвоија значајни документи за работењето на ЗЕЛС за следната година: Акцискиот план и Буџетот на ЗЕЛС за 2020 година, а беа усвоени и одредени измени на Статутот на ЗЕЛС. Претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, ги информираше делегатите до каде е реализацијата на новиот предлог- концепт на ЗЕЛС за унапредување на системот на локалната власт во нашата земја. Тој потенцираше дека генералната заложба на ЗЕЛС е да се продлабочи процесот на децентрализацијата, но префрлањето на нови надлежности задолжително да биде проследено со адекватни финансиски средства за нивна реализација. Шилегов апелираше до присутните и за поголема активност на општините во собирањето на сопствените приходи, особено на данокот на имот.

Во овој месец, во Скопје, претставници од македонските и европските локални власти, делегати на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Северна Македонија и Комитетот на региони на Европска Унија (ЗКК) дискутираа за улогата на локалната власт во заложбите на нашата земја за добивање на кандидатски статус за влез во Европската Унија, како и за предизвиците во локалниот економски развој. Потпретседателот на ЗЕЛС, Висар Ганиу, истакна дека за неполни шест месеци од последниот состанок што ЗКК го одржа во Брисел, во нашата земја се покренати суштински активности за продлабочување на процесот на децентрализацијата на власта.

Во текот на овој месец, ЗЕЛС реализираше и низа обуки за зајакнување на капацитетите на општинската администрација. На околу четириесетина претставници од Мрежата за управување со човечки ресурси при ЗЕЛС, им беа доделени сертификати за учество на обуки за спроведување на функционална анализа во општината. Повеќе обуки беа одржани и за членовите на Мрежата за животна средина при ЗЕЛС, но и за претставниците од локалната власт од ИТ секторот. На барање на општините, чии повеќегодишни стратегиски планови за локален економски развој се во фаза на истекување, во ЗЕЛС тренинг центарот беше организирана обука за членовите на Мрежата за локален економски развој за подготвување на овој стратегиски документ. Во ЗЕЛС тренинг центарот беше одржана прелиминарна обука и за петнаесетчлениот тим на градот, кој треба да го спроведе процесот на ресертификација на оваа единица на локалната власт за задржување на БФЦ ЈИЕ сертификатот, што ќе започне од јануари, 2020 година.

Беше одржана и работна средба на членовите на тематската работна група за родова еднаквост, кои во работниот дел „ Како да се унапреди работата на Комисиите за еднакви можности (КЕМ) во локалната власт?“ побараа поголема поддршка на советниците за обезбедување на родово одговорни општински политики и програми. За овие и за други информации подетално ќе се информирате од содржината на овој број на Гласилото на ЗЕЛС.


Гласило 12.2019



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.