ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Управниот одбор на ЗЕЛС ќе ја одржи седмата седница
15 ноември 2018
На 15 ноември, 2018 година, со почеток во 12.00 часот, во просториите на ЗЕЛС, ќе се одржи седмата седница на Управниот одбор на ЗЕЛС. На седницата ќе бидат разгледани повеќе актуелни прашања доставени од страна на општините, одредени иницијативи за законски измени, како и прашања поврзани со работењето на Заедницата. Ќе биде разгледана иницијативата за донесување нов Закон за јавните патишта, изготвен од Мрежата на сообраќајни инспектори и инспектори за патен сообраќај при ЗЕЛС; иницијативата за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти поднесена од општина Велес; како и иницијативата од Општина Кочани за измена на Уредбата за висината на цената на градежното земјиште сопственост на РМ и висината на посебните трошоци за спроведување на постапките за отуѓување и давање под закуп, како и за засновање на право на стварна службеност. Членовите на Управниот одбор ќе дискутираат и за состојбите во областа на пожарникарството и за состојбата со долговите во јавните претпријатија, основани од општините заедно со предлогот мерки за нивна санација. Ќе се разгледа Одлуката за формирање на Комисии во ЗЕЛС, со предлог за нивни членови, а ќе биде утврден и датумот за одржување на третата седница на највисокиот орган на Заедницата, Генералното собрание на ЗЕЛС.

назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.