ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Излезе од печат „Прирачникот, водич низ надлежностите за новоизбраните градоначалници и членовите на советите на општините“.
4 декември 2017
 

Излезе од печат најновото, четврто издание на „Прирачникот, водич низ надлежностите за новоизбраните градоначалници и членовите на советите на општините“, што го подготви стручната служба на ЗЕЛС како проширено четиво, во согласност со законските и други промени настанати во претходните четири и пол години. Бесплатен примерок од Прирачникот ќе добијат сите советници и градоначалници, со цел побрзо и поефикасно „фаќање чекор“ со обврските во локалната власт, а од особена полза ќе им биде на оние кои за прв пат ќе се соочат со извршувањето на локалните надлежности. Во ова издание дополнително се осврнуваме на улогата на Советот на единицата на локалната власт, односно на активностите и надлежностите што ги извршуваат општинските советници. Дизајнот и печатењето е поддржано од проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и спроведуван од УНДП.

Причина повеќе за повторно преземање на овој чекор беше огромната полезност од Прирачникот што ја истакнуваа сите три претходни состави на градоначалници и советници, особено важна на почетокот од извршувањето на своите функции. Другиот аспект е што прирачникот има и големо симболично значење за ЗЕЛС и за општините, бидејќи преку него ЗЕЛС го воспоставува првиот чекор на взаемната комуникација со новоизбраните структури во сите нејзини членки, а тоа се сите 80 општини во Република Македонија, заедно со градот Скопје, како посебна единица на локалната власт. Тој е првата нитка преку која продолжува соработката на ЗЕЛС со членките во градењето на визијата за развивање на процесот на децентрализацијата во земјава и зајакнувањето на локалната власт. Прирачникот го отвора хоризонтот и за натамошното заедничко лобирање за подобрување на законската регулатива и обезбедувањето на поголема финансиска независност на општините, зајакнати општински совети, создавање на ефективна и ефикасна администрација и подобри општински услуги. Поточно, прирачникот треба да ја претставува основата за натамошно унапредување на заедничките напори во насока на обезбедување на модерни европски општини, во кои граѓаните ќе имаат добри услови за живот и квалитетни услуги.

Но главната цел на прирачникот е тој да претставува вовед, а пред сè своевиден водич за адекватно и одговорно извршување на задачите и обврските на новоизбраните функционери во локалната власт, преку брзото запознавање со организацијата и надлежностите на општината и законските обврски. Поточно низ седумнаесетте глави, колку што опфаќа ова издание на прирачникот, новоизбраните општински советници и градоначалници ќе се запознаат со целокупниот процес на децентрализацијата во земјата, чија имплементација започна на 1 јули 2005 година, потоа со структурата на општината, со префрлените надлежности, како и со законите и со законските одредби за нивно спроведување. Финансирањето на општината, донесувањето на буџетот, развојот на локалната економија, просторното и урбанистичкото планирање, комуналните услуги, руралниот развој, образованието и заштитата на животната средина се, исто така, важни надлежности на локалната власт и се детално разработени. Од не помало значење за општините, се и активностите во градењето на е-општина, воспоставувањето на европски стандарди на услугите кон граѓаните, развивањето на транспарентното работење и односите со јавноста, градењето на добрите релации со граѓанските организации и создавањето на општина по европски терк, па поради тоа и за овие теми е одвоено соодветно место во ова издание.



Прилог: Priracnik za gradonacalnici MK web.pdf
назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.