Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Излезе од печат новиот број на Гласилото на ЗЕЛС
5 јули 2019
 

 

Управниот одбор на ЗЕЛС во месец јуни реализираше средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на која присуствуваа и советници од неговиот Кабинет. На средбата беше договорена временската рамка за динамиката на активностите кои одат во насока од 1 јануари, 2020 година да започне реализација на нов бран во стратегискиот развој на децентрализацијата на локалната власт во земјава, обезбедување на поголема финансиска стабилност на единиците на локалната власт и фазно пренесување на надлежностите од централно на локално ниво, во областите каде ќе биде оценето дека е тоа можно и потребно.

Во месец јуни, во Струга, седница одржа и највисокото тело на ЗЕЛС, Генералното собрание. Градоначалниците, како и претставниците на општинските совети кои се делегати на ова највисоко тело на ЗЕЛС, дискутираа за актуелните предизвици на локалната власт и го усвоија Финансискиот извештај на Заедницата за минатата година, како и одредени статутарни измени и дополнувања. Претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, во своето обраќање акцент стави на потребата единиците на локалната власт да бидат максимално самокритични во делот на собирањето на сопствените приходи, односно да преземат итни активности за комплетирање на базата на објекти кои се предмет на оданочување и да извршат репроценка на даночната основица, според актуелната методологија. Седница одржа и Надзорниот одбор на ЗЕЛС, каде, при разгледувањето на Финансискиот извештај, членовите ја нагласија важноста општините редовно да ја плаќаат членарината.

Заедничкиот консултативен комитет помеѓу Република Северна Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија (ЗКК) овој месец го одржа шеснаесеттиот состанок во Брисел, на кој учествуваа и делегатите од ЗЕЛС. Се говореше за предизвиците, но и за напредокот на децентрализацијата во нашата земја, а една од двете теми беше посветена на јакнењето на доброто владеење.

Членовите на Комисијата за урбанизам и просторно планирање при ЗЕЛС ја одржаа третата седница на која дискутираа за Предлог – законот за урбанистичко планирање, кој е во собраниска процедура. Седница одржа и Комисијата за следење на развојот на системот за финансирање на општините, каде, меѓу другото, беше констатирано дека локалните власти имаат потреба од повеќе финансиски средства за соодветно спроведување на надлежностите. Беа одржани и повеќе обуки со општинската администрација, како и работилница за советниците од тематската работна група за финансирање и буџет на тема ,,Партиципативно буџетирање и граѓански буџет“.

За сето тоа, но и за други активности што ЗЕЛС ги реализираше во месец јуни, поопширно ќе прочитате во јунскиот број на Гласилото на ЗЕЛС.


Прилог: Glasilo juni.pdf



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.