ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
„Одржлив урбан развој во Југоисточна Европа“ - темата на симпозиумот на градоначалниците, во Виена
1 март 2018
 

„Одржлив урбан развој во Југоисточна Европа“ беше темата на дводневниот симпозиум на градоначалници, што се одржа во Виена (Австрија) на 26 и на 27 февруари, 2018 година, во организација на Програмата за урбано партнерство, на Канцеларијата на Светска банка (Австрија) (UPP III), на Федералното министерството за финансии на Австрија и на градот Виена. На овој настан, на кој присуствуваа околу 150 функционери од локално и од централно ниво од земјите од Југоисточна Европа, учество зедоа и градоначалниците на општините: Велес, Гостивар, Желино, Илинден, Кочани, Крива Паланка, Струмица, претставници од општинската администрација, извршната директорка на ЗЕЛС и претставници од граѓански организации од земјава.



На симпозиумот беше означен почетокот на третата фаза од „Програмата за урбано партнерство“, при што беа презентирани планираните или реализираните реформи и иновации во градовите во областа на урбанистичко планирање и управување со земјиштето, со посебен осврт на ‘паметните градови’, финансиските импликации и учеството на граѓаните во овој процес и јакнењето на процесите на децентрализација во земјите од ЈИЕ. Беа претставени научените лекции и искуства од проектите, што ќе помогнат во натамошното подобрување на оваа програма.




Во таа насока, добрите практики во управувањето во урбанизмот ги презентираше градот домаќин - Виена, но и другите градови и општини, меѓу кои и претставниците од нашата земја. Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, своите искуства и ставови ги претстави на панел дискусијата „ Лидерство во градовите: кон поголема општествена одговорност и подобра испорака на услугите“, а излагање имаше и на панел дискусијата „ Финансирање и поддршка на процесот на децентрализација во земјите на Југоисточна Европа“. Излагање на дискусијата за финансирање и поддршка на децентрализацијата имаше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

На овој симпозиум, градоначалниците, претставниците од здруженијата на локалните власти и од здруженијата на граѓани имаа можност да разменат искуства и идеи и да иницираат соработка и во други области од локалното живеење.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.