ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Излезе од печат декемврискиот број на Гласилото на ЗЕЛС
3 јануари 2018
 

 

Изминува и последниот месец од оваа 2017 година и пред нас е Новата 2018 година. Се надеваме дека ќе донесе многу позитивни работи за сите нас, пред сè добро здравје и бериќет, а за локалните власти поголема финансиска самостојност.

По спроведените локални избори, според Статутот на ЗЕЛС, во период од три месеци, Генералното собрание на ЗЕЛС, како највисок орган на Заедницата, одржува конститутивна седница. Па така на 29 ноември, 2017 година, во Скопје, Генералното собрание ја одржа првата седница во новиот состав и ги избра членовите на сите органи на Заедницата: на Комитетот на советите, на Управниот одбор на ЗЕЛС и на Надзорниот одбор на ЗЕЛС. На истиот ден, конститутивна седница одржа и Управниот одбор на ЗЕЛС. Членовите на ова тело од својот состав, го избраа својот претседател и двајца потпретседатели, кои истовремено го претставуваат и новото раководство на ЗЕЛС. Така, во следните четири години, претседател на ЗЕЛС е Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје, а потпретседатели се Висар Ганиу, градоначалник на Општина Чаир и Митко Јанчев, градоначалник на Општина Кавадарци. Во месец декември, на својата прва седница, Комитетот на советите го избра Томе Солевски, претседател на Советот на Општина Кочани, за претседател на Комитетот, а за потпретседатели беа избрани: Насир Муслиу, претседател на Советот на Општина Гостивар, како претставник од Полошкиот регион и претседателот на Советот на Општина Гази Баба, Тони Бојковски, како претставник на Скопскиот регион. Членовите на Надзорниот одбор на ЗЕЛС, пак, на својата конститутивна седница, одржана во Струга, за претседател го изгласаа Илија Јованоски, градоначалник на Општина Прилеп. Со тоа се заокружи изборот на телата на ЗЕЛС и нивните раководства, а во следниот период преостанува да се избираат членовите на комисиите во ЗЕЛС, како и членовите на специјализираните мрежи, составени од професионалната општинска администрација.

Во овој месец, градоначалниците имаа две работни средби со премиерот на Република Македонија, Зоран Заев. Едната се одржа во Струга, на тема „Децентрализацијата повторно во фокус“, на која тој рече дека Владата е подготвена да спроведе вистински реформи и децентрализацијата да ја врати во фокусот, односно општините да добијат повеќе средства, надлежности, но и одговорности. А другата се одржа во Скопје, на која тој, заедно со тројцата министри: за труд и социјална политика, за образование и за култура дискутираа за предизвиците и плановите за соработка на централната со локалната власт, за заедничко синхронизирање во преземањето на натамошните чекори во овие три области.

Дводневен форум „Зајакнување на општинските совети: Нов почеток за локалната демократија“ беше организиран и за претседателите на општинските совети, на кои им се обрати министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу. На овој форум сите членови на општински совети добија и по еден бесплатен примерок од „Прирачникот за градоначалниците и советниците за надлежностите на локалната самоуправа“, кој е своевиден водич низ надлежностите на локалната власт и е од голема полза особено за оние, кои за прв пат ќе ги извршуваат доверените обврски. Прирачникот претставува четврто, проширено издание, што го подготви Стручната служба на ЗЕЛС.

За сите овие настани и за други активности реализирано в месец декември, ќе прочитате во овој број на Гласилото на ЗЕЛС.



Прилог: Zels_Dekemvri_2017_MK_ENG_ZA ODOBRUVANJE I WEB.pdf
назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.