ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Студенти од УАКС во посета на ЗЕЛС
18 април 2018
 Студенти од Факултетот за правни науки и Факултетот за политички науки од Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС) неколку години наназад, доаѓаат во ЗЕЛС да се запознаат со начинот на работењето на единствената асоцијација на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) како и со процесот на децентрализација на власта во земјава. Околу дваесетина студенти од УАКС и оваа година ја продолжија традицијата и на 16 април, 2018 година, во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот, го проследија излагањето на извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ. Студентите беа информирани дека на 26 април, ЗЕЛС ќе го прослави својот 46-ти роденден. Тоа е денот, кога во далечната 1972 година, била основата Асоцијацијата, и затоа во Статутот на ЗЕЛС, овој ден е утврден како „Ден на општините“ и „Ден на ЗЕЛС“. Беа изнесени стратегиските цели на ЗЕЛС, од кои најважна е : застапување и лобирање во името на сите членки пред домашните но, и странски институции, но не помалку важна цел е и обезбедувањето на континуирана поддршка за јакнење на капацитетите на општинската администрација и креирање и одржување на електронските услуги на единиците на локална самоуправа. Беше посочено дека во 2003 година ЗЕЛС склучи Меморандум за соработка со Владата на Република Македонија, според кој сите законски решенија или предлози претходно треба да бидат доставувани на разгледување на Заедницата, односно на локалните власти. Беше посочено дека ЗЕЛС многу често учествува не само во доставување на забелешки и предлози за законски измени и дополнувања туку во нивно креирање, а кои се во насока на обезбедување на законски решенија за адекватно спроведување на префрлените надлежности на локално ниво. Стана збор и за историскиот развој на територијалната поставеност на единиците на локална власт во земјава, за начинот на финансирање на ЕЛС, при што беше посочено дека ЗЕЛС во континуитет се залага за обезбедување на поголема финансиска самостојност на општините.

Во однос на организационата структура на ЗЕЛС беше посочено дека највисоко тело на ЗЕЛС е Генералното собрание, составено од делегати од сите 81-ЕЛС како и 9 претставници од Комитетот на советите на ЗЕЛС. Комитетот на советите, пак е тело во кое има по еден претставник од општинските совети од осумте плански региони во земјата и од Градот Скопје, како посебна единица на локалната власт во земјава. Оперативно тело на ЗЕЛС е Управниот одбор а, од голема важност е и Надзорниот одбор на ЗЕЛС.

Студентите беа запознаени и со процесот на децентрализација во нашата земја, чија имплементација започна на 1 јули, 20105 година, со надлежностите на локалните власти утврдени во Законот за локална самоуправа, со услугите што општините им ги обезбедуваат на граѓаните, начинот на финансирањето на локалната власт, структурата на општината и слично. За заложбата на ЗЕЛС, за обезбедување на што поголем број на електронски услуги кои општините би им ги давале и за оние услуги кои веќе ги добиваат по електронски пат, а чие одржување и поддршка ја обезбедува ЗЕЛС, говореше Виктор Арнаудоски, раководител на правната служба на ЗЕЛС

Студентите изразија задоволство од оваа посета посочувајќи дека се стекнале со многу нови сознанија од локалната надлежност и од улогата и работењето на ЗЕЛС и дека со задоволство повторно ќе ја посетат Заедницата.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.