ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Подготвено новото издание на Гласилото на ЗЕЛС
5 март 2018

Подготвено новото издание на Гласилото на ЗЕЛС

Од самиот почеток на Новата 2018-та година, активностите на ЗЕЛС зедоа поинтензивен тек. Општините покажаа голем интерес за обуката за стекнување со овластување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија. Околу двесте претставници од единиците на локалната самоуправа од 10 до 12 јануари, 2018 година, ја проследија обуката во „ЗЕЛС тренинг центарот“. Ова особено радува, бидејќи покажува дека постои заинтересираност за зголемување на бројот на општини што ќе ја преземат надлежноста да управуваат со градежното неизградено земјиште, а еден од условите е општината да обезбеди соодветен број на вработени лица кои имаат овластувања, односно лиценца.

ЗЕЛС продолжи со традицијата по локалните избори и конституирањата на општинските совети да организира советувања со новоизбраните функционери. Во периодот од 22 до 25 мај, 2018 година, голем број советници ја прифатија поканата и дојдоа во просториите на Заедницата, имајќи можност да се запознаат со улогата и структурата на ЗЕЛС, органите и телата преку кои тие можат да адресираат одредени прашања и да реализираат конкретни активности. Исто така, тие беа запознаени и со нивната улога во функционирањето на Советот, со надлежностите на Советот, правата и одговорностите, особено во делот на финансирањето, локалниот економски развој и урбанизмот. Советниците кои сè уште ги немаа подигнато прирачниците - водичи за надлежностите на локалната власт добија по еден бесплатен примерок.

Во административната зграда на Заедницата се собраа и новоизбраните делегати од ЗЕЛС во Заедничкиот консултативен комитет помеѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија (ЗКК). Тие беа избрани на третата седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, одржана на крајот на декември, минатата година, кога беа избрани и другите делегати, заменици и претставници од Заедницата, во сите домашни и меѓународни органи и тела, каде ЗЕЛС има свои претставници. Состанок во ЗЕЛС одржаа и членовите на Работната група одговорна за утврдување на нацрт-предлогот на Систематизирани ставови на ЗЕЛС. По опсежната дискусија по пристигнатите предлози од општините и со изнесени сопствени ставови и мислења тие ја утврдија ревидираната предлог -листа на систематизирани ставови на ЗЕЛС што ќе биде разгледана на следната седница на Управниот одбор.

За забрзување на реализацијата на проектот за изградба и развој на националниот гасоводен систем во Република Македонија, во ЗЕЛС се одржа состанок на претставници од деветнаесетте општини, низ кои минуваат предвидените гасоводни траси, претставници од МЕР и од други инволвирани институции, а присуствуваше и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. ЗЕЛС го посети и деветнаесетчлена делегација од Србија, која беше заинтересирана за искуствата на нашата земја во имплементирањето и функционирањето на електронскиот систем www.e-urbanizam.mk, но и за искуствата на ЗЕЛС за поддршката што им ја дава на општините, за користењето на електронските услуги.

За овие и за други активности на Заедницата, подетално ќе се запознаете во обемната содржина на ова издание на Гласилото на ЗЕЛС.



Прилог: Zels_Jan-Fev_2018_MK_ENG_Za WEB (3).pdf
назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.