ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Високи претставници од ЕУ и премиери на земји од Западен Балкан се запознаа со идејата за воспоставување на нова Регионалната платформа за бизнис- пријателска средина (БФЕ)
19 април 2018
На работниот ручек што го организираше премиерот на Република Македонија, Зоран Заев што се одржа на 18 април, 2018 година,во хотелот „Александар палас“, во Скопје, во рамките на првиот дигитален Самит на земјите од Западен Балкан, присуствуваше и извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ. Пред високи претставници од земјите од регионот и од Европската унија, таа во името на Регионалната Програма „ Сертификација на општините со поволно деловно опкружување во југоисточна Европа“ (BFC СЕЕ) jа презентираше идејата за создавање на нова Регионалната платформа за бизнис- пријателска средина (БФЕ). Во презентирањето на новата платформа учествуваше и Виолета Јовановиќ, извршна директорка на НАЛЕД, невладина организација од Србија, членка на БФЦ СЕЕ програмата.

Станува збор за идеја за институционализирање на мултилатерална организација на заинтересираните влади на земјите од регионот, што би била поддржана од донатори, од Европската Унија и од нејзините основачи и потписници. На самиот почеток тоа би биле земјите: Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Србија, а се преговара и со Албанија, како и со други заинтересирани земји. Целта на создавањето на оваа нова платформа е проширување и продлабочување на соработката што дел од овие земји веќе ја воспоставија преку воведувањето на сертифицирање на локалните власти, за пријателски општини на бизнис заедниците и која ќе оди во насока на зајакнување на имиџот и конкурентноста на земјите од овој регион како важна инвестициска дестинација. Исто така заложбите ќе бидат и во насока на ефикасно спроведување на економските реформи и стимулирање на взаемната економска интеграција; полесно овозможување на пренесување на најдобрите регионални практики за подобро деловно опкружување „Регулаторната хармонизација во согласност со Берлинскиот процес“; воспоставување на еднакви стандарди на локалните власти при привлекувањето на домашни и странски инвестиции во општината, потоа развивање на електронски услуги за потребите на локалната власт и нејзините граѓани, усогласувања на реформите во Катастарот и друго.

Досегашна успешна соработка на земјите од регионот преку БФЦ СЕЕ платформата

Идејата за воспоставувањето на нова Регионалната платформа за бизнис- пријателска средина (БФЕ), произлегува од досега успешното соработување на земјите од регионот, преку Регионалната мрежа за пријателски сертифицирани бизниси (BFC) како единствена платформа воспоставена за подобрување на конкурентноста во регионот преку трансфер на знаење, размена на најдобри практики и спроведување на реформите во јавната администрација. По иницијатива на НАЛЕД и ГИЗ ОРФ, мрежата на БФЦ е основана во 2012 година од страна на партнерските институции од БиХ, Хрватска, Македонија и Србија со поддршка на владите на Германија и Швајцарија. Во 2016 година Мрежата ги отвори своите врати за нови земји-членки, како што беше Црна Гора, а во тек е приклучувањето и на Албанија. Структурата на мрежата ги вклучува оперативните и управувачките тела кои редовно се состануваат и ја водат Мрежата. Досега се инвестирани повеќе од 1,3 милиони евра за развој на регионално партнерство, мрежни структури и капацитети, како и заеднички програми. Со поддршката на GIZ, SDC, USAID, SIDA и Светската банка, мрежата на BFC и нејзините членови предизвикаа две главни регионални иницијативи - Сертификација за бизнис-сертификација на локалните власти и електронски дозволи, каде Македонија, преку ЗЕЛС ги пренесе своите искуства на Србија и на Албанија. БФЦ е вклучен како приоритет во Стратегијата за раст на ЈИЕ 2020 .

ЗЕЛС заедно со Сојузот на стопански комори на Република Македонија (ССК ) го претставуваат Националното координативно тело на нашата земја и е дел од БФЦ СЕЕ платформата. Во Македонија досега Програмата за сертификација на општините со поволно деловно опкружување ја минаа десет општини од кои досега со сертификат се стекнаа шест локални власти.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.