ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Одржана работна средба на општините опфатени со трасите на проектот за гасификација
9 февруари 2018
 

Во организација на ЗЕЛС, на деветти февруари, 2018 година, во административната зграда на Заедницата се одржа работна средба за координација на сите инволвирани институции за реализација на проектот за изградба и развој на националниот гасоводен систем во Република Македонија .

На средбата беа поканети градоначалниците од деветнаесетте општини во земјава низ кои минуваат предвидените гасоводни траси и претставници од Управата за имотно правни работи, Биро за судски вештачења, Агенција за катастар на недвижности, Министерство за земјоделство, шумарство и стопанство, ЈП Македонски шуми и Министерство за култура. На средбата, која беше свикана на иницијатива на Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности Македонски енергетски ресурси (МЕР), Скопје, во државна сопственост, кое работи на реализација на овој проектот за гасификација и изградба на системот за пренос на природен гас во земјата, присуствуваше и Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Тој посочи дека станува збор за проект од национален интерес и дека за негова реализација потребно е воспоставување на ефикасна комуникација и взаемна поддршка меѓу сите инволвирани чинители, а токму ваквиот тип на заеднички средби треба да помогне во надминување на сите можни предизвици при неговото спроведување. Сугаревски истакна дека за оваа година е предвидено да бидат изградени 80 километри гасовод, за кои се издвоени 40 милиони евра, пари од државната каса. Како главна пречка во процесот беше посочена експропријацијата на приватните имоти кои се наоѓаат на предвидената траса, бидејќи досега се реализирани само 17 отсто, на потегот Скопје-Гостивар. Во таа насока беше и излагањето на извршниот директорот на МЕР, Благојче Котески, кој побара интензивирање на соработката и поддршка од локалните власти при самиот процес на градење на примарната гасификациона мрежа, но и нивна навремена подготовка за реализација на обврските за обезбедување на секундарната гасификациона мрежа.

Беше побарано, секоја општина во најкраток можен рок да достави име и податоци на контакт лице, со кое ќе може МЕР, но и другите институции да комуницира за сите тековни предизвици кои ќе настанат на терен. Исто така беше побарана поддршка општините да се вклучат во адекватното информирање на своите граѓани за овој процес, особено во делот поврзан за ефикасно спроведувањето на експропријацијата, но и да помогнат во комуникацијата со субјекти од јавен интерес, сопственици на подземни и надземни инсталации и инфраструктура. При тоа беше посочено општините да гарантираат безбедност и одржување на трасата на гасоводот на нивната територија, односно да не се даваат одобренија за градење и да се оневозможи градење на дивоградби на потегот, како и да се спречи ископаната траса да служи како дива депонија од населението. При тоа беше побарана и поддршка за изнаоѓање на депонии за носење на материјалот.

Сите инволвирани општини треба да изработат физибилити студија за изградба на секундарната гасоводна мрежа до домовите на граѓаните, инфраструктурен проект и основен проект за градба. При тоа во своите буџети треба да предвидат финансиска рамка, односно дали тоа ќе го прават преку формирање на јавно претпријатие за оваа намена, преку јавно приватно- партнерство или пак овие активности ќе ги доверат на приватна компанија. Беше посочено дека трасата Неготино-Битола се планира да заврши во јануари 2020 година, а кракот Скопје- Гостивар во декември 2019 година.

Присутните градоначалници и претставници од локалната власт изразија отвореност за соработка со МЕР и со сите институции за навремена реализација на овој национален проект, кој е во интерес на сите граѓани и на стопанствениците, но и во насока на заштита на животната средина. При тоа посочија дека преголемиот оптимизам мора да биде проследен и со адекватна поддршка од централната до локалната власт. Пред се беше посочено дека и досега локалните власти се соочувале со големи предизвици токму во делот на разрешувањето на имотно- правните прашања и делот на пренамената на земјоделското во градежно земјиште Беше посочено дека општините ќе се соочат со комплициран тендер за интелектуални услуги , за што е потребна и поддршка за негово креирање. Присутните побараа да се направи анализа за сите општини, односно за цела територија на земјата, за тоа што е реализирано досега и каде се изведени досегашни активности во оваа насока, и да се достават до сите општини подетални информации за трасите, меѓу другото да може на време општината да ги преземе потребните активности.

Состанокот заврши со изразена воља за развивање на натамошната меѓусебна соработка меѓу сите институции, при што беше потенцирана потребата и од организирање на состаноци со помали групи на општини, опфатени во проектот.





назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.