ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Состанок со градоначалниците од руралните општини
12 март 2018
 

Состанок со градоначалниците од руралните општини



Во просториите на ЗЕЛС на 09 март, 2018 година, беше организирана средба со градоначалници од руралните општини. Целта на состанокот беше евидентирање од страна на ЗЕЛС на проблемите и предизвиците со кои што се соочуваат руралните општини во земјата, нивно систематизирање и преточување во ставови со кои ЗЕЛС ќе излезе пред Владата на Република Македонија. На присутните градоначалници им беа претставени досегашните достигнувања на ЗЕЛС во процесот на лобирање но и дел од ставовите кои остануваат став и барање на ЗЕЛС а кои директно ги тангираат руралните општини. Така, промените на низа закони во полза на општините и достигнувањата како: распределбата на средствата од експлоатација на минералните суровини, процентот на концесии на земјоделско земјиште, средства од концесии од вода за производство на електрична енергија, зголемување на средства кои општините ги добиваат комуналната такса за улично осветлување, потоа покачувањето на процентот на распределба на ДДВ од 3% на 4,5%, управувањето со градежното земјиште се само дел од достигнувањата на ЗЕЛС од минатиот период.

На средбата градоначалниците донесоа низа заклучоци кои ќе се проследат до Управниот одбор на ЗЕЛС на усвојување и кои би се преточиле во систематизирани ставови на ЗЕЛС. Така градоначалниците ги кажаа следните барања: поголем процент од средствата од ДДВ за општините, управување со земјоделското земјиште, зголемување на средствата за одржување на локални патишта, запленетите возила да се распределат на руралните општини, ослободување на општините од плаќање на ДДВ при користење на средства за поддршка на руралниот развој, бесплатен и електронски пристап за општините до податоците на концесиите од земјоделско земјиште, забрзување на постапките за согласности за ДУП, давање на управување на општините со пасиштата и шумите и други барања кои службите на ЗЕЛС ќе ги проследат до Управниот одбор на ЗЕЛС.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.