ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
На меѓународната конференција „Води и отпад-реалност и предизвици“, потпретседателот на ЗЕЛС, Висар Ганиу говореше за предизвиците на локалната власт
24 април 2018
 -„Чест ми е што во името на ЗЕЛС, односно во името на сите општини, можам да ги изнесам состојбите со снабдувањето со вода и услугите за повторна употреба на отпадните води како и со предизвиците со управувањето со отпадот на локално ниво “.Ова го истакна потпретседателот на ЗЕЛС, Висар Ганиу, кој беше поканет да се обрати на 10 –тата меѓународна конференција „Води и отпад - реалност и предизвици“, што се одржа во Охрид на 24 и 25 април, во организација на Здружението на даватели на комунални услуги на Република Македонија (АДКОМ) заедно со ЈП Водовод и канализација Скопје и ЈП Комунална Хигиена Скопје. На конференцијата учествуваа претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, домашни и меѓународни експерти за делот на секторот води и секторот отпад, претставници од комуналните претпријатија и од Регулаторната комисија за енергетика .

-„Нашите граѓани се уште не добиваат еднакви квалитетни услуги за вода за пиење, во целата земја. Освен водата за пиење, локалната власт се соочува и со потребите за квалитетни услуги со индустриската вода, водата за наводнување, каде исто така се прават напори за подобрување и во овој дел на услуги за населението„ рече Ганиу, нагласувајќи дека предизвикот во овој домен е многу сериозен. Тој посочи дека општинските буџети се релативно мали, особено што цената за изградбата на ваквата инфраструктура и за еден километар е многу висока, но сепак, рече дека генерално состојбата е подобрена во речиси сите рурални, па и урбани средини, по стартувањето на процесот на децентрализацијата. - „Сега - рече Ганиу, -по најавите на централната власт за поддршка на општините за капитални и инфраструктирни зафати, во оптините забрзано се подготвуваат детални урбанистички планови и инфраструктурни проекти за оваа намена.“

Потпретседателот на ЗЕЛС, Висар Ганиу, во своето обраќање се задржа и на актуелното прашање на зголемувањето на цената на услугата за вода, во некои општини. –„Точно е дека за висината на цената одлучува Советот на општината, односно Советот на Град Скопје, но знаете дека тоа се прави врз основа на новиот Закон за утврдување на цени на водните услуги и измените во Законот за енергетика. Регулаторната комисија за енергетика ни нуди одредени тарифи, од кои Советот потоа избира, за која цена ќе се определи. Се трудиме да се формираат цени кои ќе ги одразуваат оправданите трошоци на работењето на Јавните комунални претпријатија, со цел да се овозможи квалитетно и одржливо користење на водната инфраструктура, но истовремено особено е важно да се има во предвид, водните услуги да бидат финансиски достапни до населението, односно се стремиме да обезбедиме поквалитетни услуги за сите, со прифатливи цени за сите.“ рече Ганиу.

Тој потоа кратко се задржа и на делот на депонирањето на отпадот, истакнувајќи дека и тука состојбата е лоша, дека има многу диви депонии, секојдневно се пали сметот и се загадува животната средина, ретко се селектира отпадот а, свест на населението за фрлање и селектирање на ѓубрето е многу ниска. –„ Во минатиот период се покажа дека локалните власти се соочуваа со низа организациски и техники предизвици во спроведувањето на оваа надлежност. Затоа дефинитивно, пред повеќе од еден месец имавме средба со Министерот за животна средина и простоно планирање и со Премиерот на Република Македонија каде беше договорено времено преземање на обврските од општините во делот на депонирањето на отпадот, за воспоставување на интегрирано регионално управување со отпадот во Република Македонија. Посочени беа и локациите за депонии, начините како тоа ќе се реализира, кој регион до каде е стигнат во оваа насока. Во општините во тек се активностите на општинските совети за потпишување на договорите за временото префрлање на надлежноста, која по реализацијата, повторно ќе си ја преземеме на локално ниво“ објасни Ганиу. На крајот од своето обраќање тој изрази оптимизам за успешно решавање на овие горливи прашања за нашите граѓани во што е можно побрз временски период .





назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.