ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов,избран за нов, прв потпретседател на НАЛАС
19 април 2018
 Петре Шилегов, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, беше избран за нов, прв потпретседател на Мрежата на асоцијации на локални власти на земјите од југоисточна Европа (НАЛАС). Изборот беше направен на тринаесеттата седница на Собранието на оваа Мрежа, што се одржа на 18 април, 2018 година, во Брно, Република Словенија. Имено, станува збор за ротирачки избор на претседателството на Мрежата на асоцијации, што се случува на првата седница на почетокот на секоја година. На оваа седница за втор потпретседател на НАЛАС беше избрана Татјана Бадан, градоначалник на Општина Селемет од Молдавија, а Емануел Манолов, градоначалникот на Општина Павликени од Бугарија беше избран за трет потпретседател на НАЛАС. Според постојниот ротирачки систем на избор за претседател на НАЛАС, позицијата на нов претседател на Мрежата, со едногодишен мандат, му беше пренесена на Дарко Фрас, градоначалник на Општина Света Тројца, од Словенија. Следната година функцијата претседател на НАЛАС, ќе ја добие претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов. На седницата во Брно, како делегат од ЗЕЛС учествуваше и потпретседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу. А делегат од ЗЕЛС во оваа Мрежа е и потпретседателот, Митко Јанчев, градоначалник на општина Кавадарци. ЗЕЛС е членка на НАЛАС уште од самото нејзино официјално основање во 2005 година, во Скопје, а активно учествуваше и во нејзиното креирање, што започна од 2001 година.

На тринаесеттата седница на НАЛАС учествуваа околу 70 претставници од локалните самоуправи и асоцијациите на локалните самоуправи од цела југоисточна Европа. Беа разгледани актуелните политички теми за улогата на НАЛАС во контекст на Стратегијата за проширување на ЕУ. Исто така, се дискутираше и за улогата на локалните самоуправи во справувањето со бегалската криза и со бегалците во регионот, а беа направени и измени во Статутот во насока на нагласување на активностите на оваа асоцијација за постигнување родова еднаквост. Новиот Стратегиски план на НАЛАС доби поддршка и од Швајцарија, земја која во континуитет ги поддржува локалните власти во Република Македонија, но и во регионот. На Собранието учествуваа и претставници од Комитетот на регионите на Европската Унија, кои посочија дека Европската Комисија и Комитетот на регионите бара баланс помеѓу централните, регионалните и локалните власти кога станува збор за поддршка во процесот на проширување на Унијата и сака да види успешно справување со предизвиците од минатото и сегашноста .

Во рамките на Генералното собрание на НАЛАС, се одржа и Регионална конференција на која во фокусот беа утврдените цели за одржливиот развој и за социјалната инклузија низ призмата на Агендата 2030, што е усвоена на 25 септември 2015 на специјалниот самит на ОН.

Мрежата на асоцијации на локални власти на земјите од југоисточна Европа ја сочинуваат 14 асоцијации, што претставуваат околу 9000 локални самоуправи, директно избрани од над 80 милиони граѓани во Југоисточна Европа. НАЛАС го промовира процесот на децентрализација, придонесува во процесот за помирување и стабилизација во регионот и во тој контекст придонесува за процесот за европска интеграција на целиот регион.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.