ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Сугарески и Шилегов во ЗЕЛС, во присуство на Премиерот ќе потпишат договор за примопредавање на информацискиот систем www.gradezno-zemiste.mk
12 март 2018
 Во просториите на административната зграда на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС), на 13 март (вторник), 2018 година, со почеток во 09,00 часот, официјално ќе биде потпишан договор меѓу Министерството за транспорт и врски и ЗЕЛС за пренесување на правото на трајно користење, управување и одржување на информацискиот систем: www.gradezno-zemiste.mk. Договорот ќе го потпишат: министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје. На овој свечен настан ќе присуствува и Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, кој ќе има свое обраќање. Исто така, ќе присуствуваат и двајцата потпретседатели на ЗЕЛС:Висар Ганиу, градоначалник на Општина Чаир и Митко Јанчев, градоначалник на Општина Кавадарци. 

    Станува збор за предавање на хардверската инфраструктура и на софтверскиот програм преку кој се спроведуваат сите постапки утврдени со Законот за градежно земјиште, односно кој е наменет за отуѓување и давање под закуп на градежното неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија. Овој софтвер беше изработен од Министерството за транспорт и врски, а во 2016 година истиот беше надграден во согласност со новите законски измени, каде претставници од ЗЕЛС земаа активно учество. Досега електронскиот систем го користат 46 општини, кои ги исполниле сите законски услови и се стекнале со правото да управуваат со градежното неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија. Во останатите општини, постапките за ова земјиште ги води Министерството за транспорт и врски. Освен ЗЕЛС и МТВ овој информациски систем го користат и други државни органи на управа, инспекциски органи, нотари и други органи согласно позитивните законски и подзаконските прописи.

назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.