ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Делегација од косовските локални власти, во посета на ЗЕЛС
28 мај 2018
 

 

Триесет члена делегација од локалните власти од Косово, на 28 мај, 2018 година, дојде во ЗЕЛС со цел продлабочување на соработката со единиците на локалната самоуправа во Република Македонија. Средбата ја иницираше Косовскиот институт за локална самоуправа, познат како Академија за локална самоуправа, ​​кој нуди разновидни програми во областа на локалната власт и иницира создавање на мостови на комуникација и размена на искуства со централните и локалните институции од нашата земја.

Присутните беа заинтересирани за активностите на општините од Македонија во делот на развивање на меѓуопштинската соработка, за начинот на обезбедување на обуки за јакнење на капацитетите на општинската администрација, за процесот на обезбедување на подобра финансиска состојба на локалната власт и пред се за активностите на ЗЕЛС и што таа реализира како добри искуства со своите членки, кои може понатаму да бидат применети и во општините од Косово.



Извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, посочи дека како резултат на единство што сите членки го постигнуваат во ЗЕЛС, низа години наназад, Заедницата успеа да се наметне со своите барања пред централната власт, но истовремено да стане и една од најуспешните асоцијации во регионот. Одлуките во органите и телата на ЗЕЛС се донесуваат со изграден консензус, каде се надминуваат партиските интереси, во полза на интересите на сите локални власти. Во таа насока се постигнати и бројни законски подобрувања за спроведување на локалните надлежности, но има уште многу предизвици кои претстојат, особено на полето за обезбедување на поголема финансиска стабилност на општините. Беше посочено дека ставот на ЗЕЛС е зголемување на зафаќањето од ДДВ од сегашните 4,5% на најмалку 10 % за локалната власт и најмалку 30% од персоналниот данок. При тоа беше посочено дека заложбата е и локалните власти што повеќе да го зголемуваат процентот од собирањето на сопствените приходи со цел да се има релевантен основ на упатените барања кон централната власт, за одвојување на повеќе средства за општините.

Во однос на јакнење на капацитетите на локалната власт присутните беа информирани дека ЗЕЛС има формирано ЗЕЛС тренинг центар и обезбедува годишна Програма за обуки на општинската администрација која е во согласност со нивните потреби и барања. Беше посочено дека во насока на обезбедување на поголема транспарентност на општините, обезбедување на поквалитетни и поефикасни услуги за граѓаните, но и за минимизирање на можностите за коруптивни дејства, ЗЕЛС обезбедува и поддршка на своите членки при спроведувањето на електронските услуги. Како најважни беа посочени софтвреските решенија на :,, е-одобрение за градба“, ; ,,е –градежно земјиште“ , како и ,, е-ствари“ кои се сместени во ЗЕЛС и кои во името на сите општини ги одржува ЗЕЛС единицата за поддршка на електронски услуги. На присутните им беше посочено дека за целокупната организациска поставеност на локалните власти во земјава, приходите, надлежностите, меѓу кои и начинот на воспоставување на меѓуопштинска соработка, на секои четири години, ЗЕЛС публикува ревидирано издание на Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници за надлежностите на локалната самоуправа,што се наоѓа на веб страната на ЗЕЛС.



Извршниот директор на Косовскиот институт за локална самоуправа, Бесник Мучај изрази задоволство од прифаќањето на иницијативата за соработка од ЗЕЛС. Тој посочи дека навистина има голем простор во однос на размена на искуствата меѓу општините од двете страни, и дека особено е важно да се изнајде начин на подобрување на капацитетите на општините за искористување на средствата од европските фондови, особено во однос на расположливите средства за проекти за прекугранична соработка. Само со взаемна соработка и размена на позитивни примери ќе се развива локалната власт во целиот регион, беше дел од заклучокот на оваа средба што се одржа во ЗЕЛС .





назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.