ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Поголема взаемната соработка на локалните власти како и поддршка од надлежните министерства - клуч за поквалитетни резултати во одговорното родово буџетирање
1 јуни 2018
 
„ Недоволно обезбедување на финансиски средства за реализирање на активности за родово одговорно буџетирање во општините. Недостаток на обезбедување на статистички податоци, особено на поделени родови статистики, како основа за планирање на активностите во оваа област или преземање на други адекватни мерки. Недоволна свест и сензитивност кај претставниците од одлучувачките тела и други чинители во локалната власт за потребата од посветување на посебно внимание на прашањата од родово одговорно буџетирање. Недоволна посветеност и фокусирање на прашањата за родова еднаквост во одредени сектори, како и немање или не применување на систем на следење на активностите од родовата еднаквост за утврдување на добиените резултатите “.

Ова се актуелните состојби во земјите од регионот, во областа на родовата еднаквост, што беа презентирани пред членовите на Работната група за родова еднаквост формирана во ЗЕЛС, во која членуваат претставници од Мрежата на финансиски работници при Заедницата. Средбата ја организираше ЗЕЛС, на 31 мај, 2018 година, во Скопје, во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите за родови политики и буџетирање на локално ниво“ што се спроведува со поддршка на Канцеларијата на УН Жени во Скопје. На средбата присуствува и претставници од Министерството за финансии на Република Македонија. Целта на оваа работилница беше да се потенцира потребата од поголема посветеност на општините на работење на прашањата за родова еднаквост и родово одговорно буџетирање, а особено беше потенцирана потребата од нивна меѓусебна соработка на ова поле и взаемна соработка со надлежните министерства: за финансии, за труд и социјална политика, за локална самоуправа и за информатичко општество. Размената на добрите искуства и практики и поддршката за правилна примена на законските прописи ќе претставуваа значајна гаранција за поголема посветеност на прашањата за родова еднаквост во локалната и централната власт .

На присутните им беа презентирани достигнувањата постигнати во Република Албанија, во делот на родово одговорно буџетирање, како доста успешен пример од регионот. Клучно за достигнатите резултати на локалните власти на ова поле, претставува добро воспоставената соработка по ова прашање со Министерството за финансии, како и ефикасниот меѓуресорскиот пристап при развивање на програмите во општините за родово сензитивните прашања. Во Република Албанија во 2017 година е донесен нов Закон за локални финансии кој ја вклучува родовата еднаквост како основен принцип, а РОБ е задолжително за сите ЕЛС во процесот на буџетско програмирање, мониторинг и евалвација.

На средбата беа истакнати и активностите што ги реализира ЗЕЛС, меѓу кои се : организирањето на обуки за координаторите и членовите на комисиите за родова еднаквост, средби и соработка со соодветните министерства, поддршка на активностите на Работната група за родова еднаквост на ЗЕЛС, изработката на Стратегијата за родова еднаквост на ЗЕЛС 2018-2030 и на алатки со кои локалните власти полесно ги реализираат своите обврски и ги градат своите родови политики на локално ниво.

Искуства на општините:

Во однос на начинот на развивање на програмите од родов аспект, општините ги споделија своите искуства укажувајќи на промените што треба да се направат со цел постигнување на поквалитетни резултати на ова поле. Беше посочена потребата од промени во буџетскиот циркулар за општините за воведување на посебна ставка/програма за родова еднаквост. Потоа поголема вклученост на сите сектори , кои самите ќе посветат поголемо внимание при креирањето на своите политики за поголемо вклучување и на овие прашања. Потреба од обука за општинските советници, кои учествуваат при донесувањето на важните одлуки во општината и воспоставување на функционални механизми за соработката со институциите од централната власт. При тоа тие посочија дека имаат значителни тешкотии при собирањето на статистички податоци и понатамошна обработка во родово разделени податоци, како и со минималното одвојување на финансиски средства за активности за родова еднаквост. Претставничката од Министерството за финансии вети дека сериозно ќе се разгледа барањето за буџетскиот циркулар, а исто така изрази подготвеност на натамошна поддршка на локалните власти за активностите во оваа област.

Заклучоци од средбата :

По размената на искуства меѓу општините и презентирање на предизвиците беа донесени повеќе заклучоци: Да се интензивира соработката по вертикала со ресорните министерства во координација со ЗЕЛС и да се организираат почести и тематски средби. Да се формира мешана работна група од претставниците на овие институции и од општините кои директно се поврзани со родовото буџетирање и родовата еднаквост. Да се воспостави координација при планирањето на активностите по претходна анализа. Да се воведат механизми за мониторинг и евалвација. Да се организираат обуки за општинските советници од страна на МТСП. Да се воспостави добра соработка со Државен завод за статистика во однос на пристапот до статистички податоци и организирање на обуки од нивна страна за обработка на тие податоци за општинските координатори. Да се воспостави механизам за задолжително разгледување на сите програми во општината од страна на Комисијата за еднакви можности и да се овозможи почести средби и размени на искуства меѓу земјите од регионот.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.