ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Генералното собрание на ЗЕЛС на 26 април, ќе го одбележи „Денот на општините и роденденот на ЗЕЛС“
25 април 2018
 
Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија најавува дека на 26 април, 2018 година ќе ја одржи втората седница на Генералното собрание на ЗЕЛС, во хотелот „ Александар палас“ во Скопје, со почеток во 12.00 часот.

Овој датум во Статутот на ЗЕЛС е утврден како „Ден на општините“ и „Ден на ЗЕЛС“ бидејќи токму на 26 април, 1972 година во „Салонот 19,19“, во градот Скопје, било одржано Основачко собрание на Заедницата на општини и градови на Македонија. Иницијативата што ја дале претседателите на тогашните собранија на општините: Куманово, Кочани, Охрид, Скопје и Тетово била прифатена од претставниците од околу триесетина општини.

Со одржувањето на седницата на највисокото тело на Заедницата, на скромен начин ќе биде одбележан 46-тиот роденден на ЗЕЛС и „Денот на општините“. На присутните делегати ќе им се обрати министерот за локална самоуправа на Република Македонија, Сухејл Фазлиу.

Според утврдениот дневен ред на седницата, претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов ќе говори за активностите кои се преземени во изминатиот период, а ќе биде разгледан и Финансискиот извештај на ЗЕЛС за 2017 година. Делегатите на Генералното собрание имаат можност да дискутираат и за актуелните предизвици на локалните власти, и при тоа да изнесат и одредени предлози и решенија за нивно надминување.

Генералното собрание на ЗЕЛС е највисокото тело на Заедницата, кое го сочинуваат вкупно 90 делегати. Секој делегат има право на еден глас. Градоначалниците на единиците на локалната самоуправа по функција се делегати на Генералното собрание, а претседателите на општинските совети се нивни заменици. Делегати на Генерално собрание се и деветте членови од Комитетот на советите при ЗЕЛС. Во случај на спреченост на делегатот, односно заменикот на делегатот да присуствува на седницата на Генералното собрание, делегатот може да овласти член на Советот на единицата на локалната самоуправа, да го заменува на седницата, со сите права и обврски на делегат, а ова овластување се потврдува во писмена форма.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.