ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Нови обучувачки за родово одговорно буџетирање на локално ниво
29 март 2018
 

Претставнички од Работната група за родова еднаквост при ЗЕЛС се стекнаа за сертификат за успешно завршената Обука за обучувачи за родово одговорно буџетирање на локално ниво која ЗЕЛС ја организираше во рамките на проектот “Зајакнување на капацитетите за родово одговорни политики и буџетирање на локално ниво“. Со оваа активности, мрежата на обучувачи се зголеми за десет нови шленови, обучувачи кои се создаваат во рамки на регионалниот проект на UN Women “ Промоција на родово одговрорни политики и буџети во Југоисточна Европа“, финансиски поддржан од Австриска развоја агенција и Швајцарската агенција за развој и соработка.
     Во текот на тридневна обука која се одржа од 26-28 март, 2018 во х. Гарденија, Велес, членовите на Работната група за родова еднаквост при ЗЕЛС се запознаа со циклусот на учење на возрасни, научија што е презентација, кои се методите и алатиките за партиципативен пристап на учење на родово еднакви концепти, како и за партиципативно учење на родова интеграција, како се собира и анализира родова статистика, кои се родови индикатори, кои методи и алатки се користат за воведување на род во локалните политики и други слични содржини од областа на родовата еднаквост и родовото одговорно буџетирање.

 
Марија Ристеска и Кристина Хаџи-Василевска, експертки ангажирани од UN Women канцеларијата во Скопје за испорачување на оваа обука ставија фокус и на техниките и алатките кои може да га користат обучувачите за една обука за биде ефективна и интересна за учесниците, при што интеракцијата со учесничките беше често користена. И после дводневата нивна обука, третиот ден беше резервиран за учесничките кои беа поделени во парови и имаа задача да подготват обука и да ја презентираат пред останатите учеснички. Посветеноста и знаењето кое го стекнаа во претходните два дена во комбинација со нивното искуство и креативност резултираше во интересни и содржајни обуки развиени од учесничките, односно членови на РГ. Тоа го утврдивме преку нивното претставување по што следуваше самоевалуација, но и евалуација од останатите учесници. Сите се согласија дека е потребно уште некоја дополнителна обука од областа на родова еднаковост и поддршка од експертите-менторки за да може веќе во блиска иднина да испорачуваат самостојно обука на колегите од другите општини или во самата општина. ЗЕЛС очекува оваа група која има голем потенцијал да ги искористи и унапреди овие знаења и вештини со цел понатамошно обучувачање на други колеги од општините, но и за меѓусебна размена на добри пракси.




назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.