ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Градоначалникот на Штип избран за нов ко-претседавач на ЗКК
20 февруари 2018
 

 

Благој Бочварски, градоначалникот на општина Штип е новиот ко-претседавач од македонска страна, на Заедничкиот консултативен комитет помеѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската унија (ЗКК). Вака одлучи новиот состав на делегати во ова тело, на состанокот што беше одржан на 16 февруари, 2018 година во просториите на Заедницата. Присутните беа запознаени со организационата структура на ЗКК, со начинот на неговото работење и активностите кои ги презема. Беше посочено дека ЗКК брои вкупно 22 делегати, односно по единаесет делегати од двете страни, при што се избираат и заменици кои учествуваат во работата на телото во услови на отсуство на делегатот. Делегатите и замениците се избираат од редовите на градоначалници и советници. Делегатите и нивните заменици, од нашата земја, беа избрани на третата сеница на Управниот одбор на ЗЕЛС, одржана во месец декември, минатата година

Ова тело, на годишно ниво одржува најмногу две седници, од кои едната е во Брисел а, другата се одржува во нашата земја, а седниците ги водат двајца ко-претседавачи, по еден од двете страни. На секоја седница се дебатира и разговара за две главни теми од кои едната секога се однесува на улогата на локалните власти и напредокот на нашата земја за членство во Унијата, а втората тема е посветена на актуелен предизвици со кои се соочуваат општините кај нас и во Унијата. Во десетгодишното функционирање на Заеднички консултативен комитет разгледувани се повеќе различни теми и тоа најмногу од областа на финансирањето на локалната самоуправа, искористувањето на европските фондови, јавните набавки, а се говореше за справувањето на локалните власти со бегалците од Блискиот Исток и Африка .



Во таа насока, присутните делегати на состанокот посочија дека од особено значење би било на следните седници на ЗКК претсавниците од локалната власт од нашата земја да стекнат што повеќе сознанија од искуствата на нивните европски колеги од области во кои сега тие најмногу се соочуваат со одредени предизвици. При тоа беше посочена тема на справувањето со проблемот на дивите депонии, односно позитивните искуства со воспоставувањето на режим на депонирање, третман и селектирање на отпадот. Исто така, како особено актуелна за скопските, но, исто така, важна и за другите општини е темата за справувањето со ризици од поплави, третман на земјиштето и шумите и регулирање на канали. Беше изнесено дека се направени одредени анализи, односно изготвена е студија, во која се утврдени црните точки во Скопскиот плански регион, односно места на кои треба да се преземат соодветни активности за превенирање од евентуално нови кризи за населението од поплави.

Присутните беа информирани дека состанокот на ЗКК е предвиден за првата половина на мај, во Брисел и дека по утврдувањето на заедничката тема, стручната служба на ЗЕЛС ќе обезбеди поддршка за делегатите и за реализацијата на целиот настан.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.