ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Изнесен предлогот -алатка за отчетност за трошоците на носители на јавни функции да ја користат и локалните власти
21 мај 2018
 

 

-“Генералната заложба на сите локални власти е транспарентно работење, отчетност за сработеното, но и за потрошеното. Од тој аспект мислам дека несомнено треба да се поздрави и да се прифати овој начин на одговорност пред нашите граѓани, за трошењето на нивните пари. Се разбира дека за сето ова наскоро ќе дискутираме во рамките на Управниот одбор на ЗЕЛС, но не се сомневам дека некој нема да прифати, бидејќи и сега гледам транспарентно работење, кое се согласувам, секогаш може да биде подобро и попрецизно.“

Ова го истакна претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, на средбата со министерот без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, што се одржа во просториите на ЗЕЛС, на 21 мај, 2018 година. Целта на оваа средба беше пред локалната власт да се презентира алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции, што ја применува Владата извесен период за своите министри и други носители на јавни функции и да се разгледаат можностите за нејзина примена од страна на единиците на локалната самоуправа.



Претседателот на ЗЕЛС нагласи дека и Владата и ЗЕЛС можат да предложат или да дадат препораки на општините, бидејќи тие се посебна власт која носи локални одлуки. –„ Самоиницијативно да се стават сите свои трошоци на најотворен и најтранспарентен начин пред граѓаните е навистина голема доблест за секој човек, а пред се висок степен на одговорност и желба за домаќинско работење на секој функционер. Мислам дека за тоа се залага и секоја локална власт и секој градоначалник“ посочи на средбата, претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов.

-„ Една од клучните заложби на Владата на Република Македонија е транспарентно работење и голема отчетност пред граѓаните. Ние се залагаме за воспоставување на едни нови стандарди на политичко однесување на јавните функционери во земјава. Затоа денес дојдовме да разговараме со претседателот на ЗЕЛС, да предложиме оваа алатка да ја користи и локалните власти. Не се сомневам дека јавноста ќе изврши притисок и во локалната власт за примена и на овој начин на транспарентното работење на општините. Граѓаните сакаат да знаат, но исто така и имаат право на тоа, каде се трошат нивните пари.“



Ова го истакна министерот, Роберт Поповски на средбата во ЗЕЛС. Тој посочи дека Владата е подготвена да обезбеди секаква поддршка на локалните власти за примената на софтверот и начинот на подготовка и пласирање на потребните информации.

По средбата, двајцата функционери дадоа изјави за медиумите, каде меѓу другото повторно беше нагласено дека овој предлог на Владата ќе биде дискутиран на Управниот одбор на ЗЕЛС, на следната седница, по што ќе бидат комуницирани сите членки на ЗЕЛС за изнесување на нивниот став околу ова прашање.




назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.