ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Ревидирање на Акциски план за родова еднаквост на ЗЕЛС
5 март 2018
 

Ревидирање на Акциски план за родова еднаквост на ЗЕЛС

Во рамките на проектот “Зајакнување на капацитетите за родово одговорни политики и буџетирање на локално ниво“, ЗЕЛС организираше дводневна работилница за членовите на Работната група за родова еднаквост при ЗЕЛС. На работилницата која се одржа на 01 и 02 март, годинава во хотел „ Манастир“, Берово се работеше на ревидирање на Акцискиот план за родова еднаквост на ЗЕЛС. Беа поставени приоритетни активности и стратешки цели кои треба да бидат постигнати во следниве години, а во насока на унапредување на родовата еднаквост на локално ниво. Од работата во групи произлегоа неколку стратешки насоки кои треба да бидат преточени во активности за да се постигне промоција на родовата перспектива во политиките и буџетите во општините, да се воспостават механизми за координација на национално и локално ниво, зајакнати капацитети на претставниците од општините и зајакнување на улогата на родовата машинерија и институционализација на локално ниво. На работилницата беше разгледана е-платформата за РОБ www.rob.zels.org.mk што ЗЕЛС ја разви во претходната фаза од овој проект и беа дадени насоки за надополнување со нови, корисни содржини за општините при нивната работа. Претставниците од општините кои се членови на оваа РГ си разменија и неколку идеи и пракси од оваа област, а беа дадени и предлози за поддршка на ЗЕЛС при спроведување на овие пракси и политики сметајќи на координативната и советодавна улога на асоцијацијата.

ЗЕЛС веќе неколку години работи на унапредување на капацитетите на претставниците од општините, како во претходниот период кога беа организирани основни и напредни обуки, а продолжува и со овој проект. Така, за крајот на март, 2018 е предвидено да се организира Обука за обучувачи со што членовите на оваа Работна група ќе може да ги пренесат знаењата и вештините како во нивните општини, така и во други општини, а со тоа и ќе се разменуваат и добри практики.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.