ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Излезе од печат мајскиот број на Гласилото на ЗЕЛС
8 јуни 2018
 Управниот одбор на ЗЕЛС на петтата седница, што се одржа овој месец, ги усвои новите Систематизирани ставови на Заедницата. Станува збор за листа на предлози и барања, што треба да претставуваат појдовната основа на ЗЕЛС во преговорите со централната власт, за подобрување на состојбите во општините и развојот на децентрализацијата во земјава. На седницата присуствуваше државниот секретар на Министерството за финансии, кој побара поголема ефикасност од општините при спроведувањето на новиот Закон за пријавување и евиденција на обврски. Беше разгледана и иницијативата доставена од Општина Тетово, која се однесува на Законот за игри на среќа. Присутните членови на Управниот одбор на ЗЕЛС отворија и многу други предизвици на локалните власти, меѓу кои: примената на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, регулирањето на сообраќајниот режим и паркинг местата, состојбата со кучињата скитници, долгиот процес на донесувањето на деталните урбанистички планови и друго.

Во текот на овој месец голем број претставници од ЕЛС, кои во првото тромесечје од годинава ги проследија обуките, се пријавија и ги полагаа теоретскиот, а потоа и практичниот дел од испитот за стекнување со овластување за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија. Процентот на лицата што се стекнаа со оваа лиценца е навистина голем, со што поголем број општини исполнија уште еден од условите потребни за преземање и на оваа надлежност, што засега ја вршат 46 единици на локалната власт.

Претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, одржа средба со министерот без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на која беше презентирана алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции, што одреден период ја применува Владата на Република Македонија, за своите министри и други носители на јавни функции. Беше предложено да се разгледаат можностите за нејзина примена и од страна на јавните функционери во локалната власт.

Комисијата за следење на развојот на системот за финансирање на општините овој месец ја одржа конститутивната седница, на која градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, беше избран за претседател на Комисијата.

Во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот пред претставниците од одделенијата за ЛЕР, беа презентирани новините во БФЦ ЈИЕ Програмата, а претставниците од комисиите за родова еднаквост, општинските координатори, како и членовите на Мрежата за финансии при ЗЕЛС, разгледуваа бројни прашања поврзани со родовата еднаквости и одговорното родово буџетирање. Триесет члена делегација од локалните власти од Косово го посети ЗЕЛС, со цел размена на искуства и добри практики меѓу локалните власти од двете земји.

За овие и за други активности на Заедницата, што се реализираа во текот на месец мај, ќе прочитате повеќе во овој број на Гласилото на ЗЕЛС.



Прилог: MAJ 2018 MK-ALB_web.pdf
назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.