ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Проектот „Воспоставување на интегрирано регионално управување со отпадот во Република Македонија“ претставен пред локалните власти
5 март 2018
 

Проектот „Воспоставување на интегрирано регионално управување со отпадот во Република Македонија“ претставен пред локалните власти

-„Состојбата со управувањето со цврстиот отпад во целата земја е на многу ниско, сусптандардно ниво, а негативните ефекти кои произлегуваат по животната средина ги чувствуваме сите. Целиот систем има низа сериозни организациски и технички недостатоци што општините во изминатиот период не успеаа да ги надминат. Затоа ни е потребен заеднички координиран настап на локалната и централната власт, за да на среднорочен период, надминеме добар дел од предизвиците. Всушност денес сме повикани да слушнеме еден концепт на решавање на проблемот преку воспоставување на регионален систем за управување со отпадот, каде централната власт предлага времено преземање на обврските на општините во делот на депонирањето на отпадот“. Ова го истакна претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, на дебатата за проектотВоспоставување на интегрирано регионално управување со отпадот во Република Македонија“ што ја иницираше Министерството за животна средина и просторно планирање ( МЖСПП) со локалните власти, на која присуствуваше и Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.

-„ Како поранешен градоначалник, сосема ми е јасна позицијата на локалната власт во однос на можностите за решавање на ова комплексно прашање. Во таа насока МЖСПП направи еден пресек на состојбите и можностите за решавање на проблемот со депонирањето на цврстиот отпад во земјата, каде се потенцира потребата од вклучување на централата власт за негово деблокирање и се предлага општинските совети со одлука, времено да ја делегираат надлежноста, но и одговорноста на Владата на Република Македонија, само во делот на депонирањето на отпадот. Не станува збор за попречување на процесот на децентрализација, напротив целта е со заеднички дијалог и поддршка да обезбедиме поквалитетни услуги за граѓаните“. Вака им се обрати министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку на големиот број градоначалници и претставници од локалната власт и од статистичките региони, што беа повикани на средбата.

И Премиерот Заев, посочи дека децентрализацијата и натаму е еден од приоритетите на Владата и дека оваа иницијатива на Владата на Р.М. за трајно и
современо решавање на отпадот и депониите во земјата, со воспоставување на интегрирано регионално управување со сметот и со современи регионални депонии, претставува само поддршка за општините за деблокирање на одредени застои на локално ниво. Премиерот Заев, рече дека се подготвува законско решение со кое, времено, додека проектот не се реализира целосно, ќе се префрли надлежноста за овие прашања на централно ниво, а по решавањето, истите повторно ќе бидат вратени на општините. Тој потсети дека во земјата има повеќе од 50 депонии што се користат од страна на општините за депонирање отпад, кои се со висок, среден, или низок ризик при што има и многу диви и неконтролирани депонии.

-„Во Македонија се неопходни регионални депонии за решавање на проблемот со отпад и за поздрава животна средина. Градоначалниците на секој регион, со советите, треба да донесат одлука кој модел ќе го прифатат, дали ќе искористат средства од европските фондови, дали ќе одат на модел на јавно-приватно партнерство или ако регионот има можност - сами да финансираат изградба на регионална депонија“, рече Премиерот, Заев.

Тој упати апел до градоначалниците во општините каде се предлага изградба на депонии, да разговараат во своите граѓани и да обезбедат сè што е неопходно за да не се создава загриженост или страв меѓу нив. – „Новите технологии нудат современи решенија. Сметот е новиот профитабилен бизнис, тој претставува суровина и во светот општините се натпреваруваат да придобијат градба на депонии на нивна територија“, рече Заев, при што потсети дека исто така, општините треба да ги запознаат граѓаните и со можностите за поголеми трошоци од досегашните, особено во оние средини каде досега воопшто и не се плаќало за оваа услуга.

Потоа претставниците од Министерството за животна средина подетално го презентираа Проектот, кој како што беше посочено е направен врз основа на многу анализи и со вклученост на поголем број експерти од земјата и странство. За општините од Североисточниот и Источниот регион останува обврската да формираат јавно-регионално претпријатие за управување со отпад, кое ќе стопанисува со регионалната депонија и претоварните станици. При добивање средства од Европска унија услов е да се формира јавно претпријатие. Постојните јавни и комунални претпријатија ќе продолжат со обврската за собирање и транспорт на отпадот до соодветната општина до предвидените претоварни станици, односно до регионалната депонија.

За Полошкиот регион обезбедени се средства од Владата на Швајцарија за изработка на потребната планска документација за воспоставување на регионален систем за управување со отпад. Дел од средствата ќе бидат искористени за рехабилитација на регионалната нестандардна депонија во Русино и за зајакнување на техничките капацитети на руралните општини од овој регион за собирање и транспорт на отпадот. За Источниот и Североисточниот регион МЖСПП ќе продолжи со поддршката за воспоставување на регионален систем преку финансирање од Европската Унија. За Скопскиот регион, постои регионална депонија „Дрисла“ каде останува општините на овој регион да го имплементираат системот предвиден во изработената планска документација, односно изградба на предвидените претоварни станици и вклучување на сите општини во системот. За Југозападниот, Југоисточен, Пелагониски и Вардарски, Министерството предлага да се започне со имплементација на регионален систем до крајот на март 2018 година, бидејќи целокупната планска документација е донесена и преостанува да се изнајдат средства за финансирање на овој систем.

Нa средбата беа посочени и планираните локации за изградба на депониите, по што дел од градоначалниците изнесоа одредени забелешки зошто не се сложуваат со одредени локации, истакнувајќи ги причините за таквиот став. Имаше и градоначалници кои поради економска исплатливост на депониите побараа регионалната депонијата да се гради токму на нивна територија. Стана збор и за можностите за депонирање на сметот во периодот до реализирањето на овие регионални депонии, потоа за начинот на креирањето на цената на услугата и евентуалната потреба за нејзино времено субвенционирање од страна на Владата. Генерално, поголемиот дел од градоначалниците истакнаа дека со реализацијата на оваа иницијатива тие не би ја изгубиле надлежноста, напротив сметаат дека оваа поддршка е реално потребна за локалната власт за надминување на еден многу тежок проблем со кој се соочуваат сите општини, граѓани и целата земја.

На средбата беа изнесени и други предизвици со кои се соочуваат локалните власти, како во делот на образованието и превозот на учениците, преземањето на надлежностите за управување со градежно неизградено земјиште, за високите трошоци за струја за пречистителните станици и друго. Премиерот информираше дека Владата е подготвена за поддршка на издржани проекти на локалните власти, но истакна и дека ЗЕЛС може да биде канализаторот на предлозите на општините, односно овластен предлагач пред Владата за оперативни работи на потребите на локалните власти. Тој не пропушти да потсети дека Влада работи на утврдување на решенија за исплаќање на долговите на општините и деблокирање на сметките на оние општини кои се соочуваат со ова прашање.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.