ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
По втор пат годинава, во просториите на ЗЕЛС се организира почетна обука за претставници од општините, за полагање на испит за стекнување на овластување за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на државно неизградено земјиште
20 април 2018

 Во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот, на 19 април, 2018 година, по втор пат оваа година, се спроведе почетна обука за полагање на испит за стекнување со овластување за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија. Првата беше реализирана на 10, 11 и 12 јануари, 2018 година, кога ја посетија околу двесте кандидати, по што поголем број општини пројавија интерес за повторно организирање, односно пријавување на нови претставници од локалната власт. На јавниот оглас што на почетокот на месец април, го објави Комисијата за следење на овој процес на обука и полагање на испитот, во согласност со член 108 од Законот за градежно земјиште, се пријавија над 50 претставници од единиците на локалната самоуправа, кои имаат статус на административен службеник од редот на раководните или стручни административни службеници. Пријавените кандидати беа распределени во две групи, во два термина во текот на денот и тоа со почеток од 09.00 и од 13.00 часот. ЗЕЛС, во согласност со Законот за градежно земјиште, за спроведување на обуката обезбедува техничка и финансиска поддршка во рамките на својата организациска структура.

Претставници од ЗЕЛС и од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија (МТВ) детално ги запознаваат присутните кандидати со законската регулатива поврзана со управување со градежното земјиште. Исто така присутните имаа можност и практично да го минат целиот процес, односно сите чекори за користење на софтверската апликација, поставена на интернет страницата www.gradezno-zemjiste.mk., што им

На 13 март, 2018 година, во просториите на ЗЕЛС беше потпишан договор со кој МТВ официјално на ЗЕЛС му го предаде правото на трајно користење, управување и одржување и понатамошна тековна надградба на овој информациски систем. ЗЕЛС ја доби хардверската инфраструктура, но и самиот софтвер преку кој се спроведуваат сите постапки за отуѓување и давање по закуп на градежно неизградено земјиште, сопственост на РМ, по пат на јавно надавање и по пат на непосредна спогодба, кои се утврдени во Законот за градежно земјиште .

Досега овој систем го користа 46 општини кои ги исполнија законските услови и се стекнаа со правото да управуваат со државното градежно неизградено земјиште. Пријавувањето и посетеноста на обуките се добар знак дека се повеќе општини се заинтересирани да ја преземат и оваа надлежност.

По спроведувањето на обуката, заинтересираните кандидати ќе треба да полагаат и испит кој се состои од практичен и од теоретски дел и кој ќе се реализира во просториите на Испитниот центар на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје. За термините за полагање општините ќе бидат навремено информирани.





назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.