ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
БФЦ ЈИЕ сертификатот за Општина Илинден и награда „Стрела“ за извршната директорка на ЗЕЛС
24 април 2018

 

Градоначалниците на општините: Гази Баба, Богданци и Илинден и претставници од Град Скопје и од ЗЕЛС учествуваа на регионалната конференција за промоција на поволно бизнис опкружување во Југоисточна Европа „Партнерство за конкурентен регион“ што се одржа во Белград, (Република Србија) на 24 април, 2018 година. На овој настан присуствуваа и високи владини претставници на земјата домаќин, како и претставници од земјите од Југоисточна Европа, од Европската унија и од меѓународни финансиски институции, а присуствуваше и министерот за локална самоуправа на Република Македонија, Сухејл Фазлиу .

Извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, на оваа конференција, ја доби наградата „Стрела“, за нејзиниот долгогодишен придонес во развивањето на регионалната платформа за бизнис пријателско опкружување на земјите од Југоисточна Европа и пренесувањето на добрите практики од Македонија, во земјите од регионот.

Конференцијата ја организираше БФЦ ЈИЕ Регионалниот технички секретаријат (НАЛЕД), со поддршка на Германска агенција за соработка и развој и Европската инвестициска банка. Пред присутните беше посочено дека земјите од Југоисточна Европа може да понудат добри систематски решенија за унапредување на условите за работење и потребна им е заедничка платформа која ќе претставува успешен пример на пренесување на доброи искуства. Претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ ја поддржа иницијативата за создавање на нова регионалната Платформата за поволно деловно опкружување (Business Friendly Environment SEE) и ги повика своите колеги од регионот, како и меѓународните донаторски организации да помогнат во нејзината реализација.

Како добар пример на пренесувањето на искуствата меѓу земјите од регионот, беше посочена Република Македонија. Искуствата од имплементирањето на електронскиот систем „е-дозвола за градба“, нашата земја им ги пренесе на Србија и на Албанија, каде ЗЕЛС имаше значајна улога, а се разговара и за пренесување на искуствата од реформите во катастарот и јавните набавки.

Но, и нашата земја има придобивка од ваквата платформа, со прифаќањето и спроведувањето на Програмата „Сертификација на општините со поволно деловно опкружување од Југоисточна Европа (БФЦ ЈИЕ)“. „ Business Friendly Certification South East Europe (BFC SEE) претставува единствена програма за подобрување на квалитетот на услугите и информациите кои општините од регионот на Југоисточна Европа им го нудат на компаниите, во рамките на која сертификати се доделуваат на општини од Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора и од Босна и Херцеговина.

Во таа насока, на оваа Конференција, министрите на државите од регионот свечено им врачија БФЦ ЈИЕ сертификати на седумнаесет општини . Во Босна и Херцеговина 11 општини во претходната година минале низ процесот на сертификација и успешно ги исполниле утврдените стандарди за креирање на поволна бизнис клима во рамките на општината. Од Србија сертификат добија четири општини, од Хрватска еден, а од Македонија сертификат доби општина Илинден. На градоначалникот Жика Стојановски, сертификатот му го врачи министерот за локална самоуправа, на Република Македонија, Сухејл Фазлиу. Во рамките на ова Програма, во изминатите пет години во нашата земја со овој сертификат се стекнаа и општините: Струмица, Велес, Штип, Богданци, Гази Баба и Град Скопје .

-„Општина Илинден, благодарејќи на создавањето на услови за привлекување на нови и поддршка на постојните инвеститори придонесе за влез на 180 компании од кои 33 се странски директни инвестиции во деветте локални економски зони, го доби ова признание за исполнување на стандарди, односно нудење на сигурност на потенцијалните инвеститори во добивањето услуги и информации за работите и дејностите во надлежност на локалните власти“ посочи градоначалникот, Стојановски изразувајќи задоволство од постигнатото на неговата администрација за стекнувањето со овој значаен регионален сертификат.



 



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.