ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Презентација на тема “Добри практики за јавен менаџмент и решавање на јавните предизвици во локалната власт”
20 јуни 2018
 

 

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија во соработка со Американската амбасада во Република Македонија, на 19 јуни 2018 година, во просториите на ЗЕЛС, организираа презентација на тема “Добри практики за јавен менаџмент и решавање на јавните предизвици во локалната власт”. Презентацијата беше претставена од г-дин др. Лари Хубел (Larry Hubbell), академик со огромно искуство во областа на управувањето со човечките ресурси и развој на организации. Пред академската кариера, тој бил федерален кариерен службеник во Агенцијата за заштита на животната средина на САД, но бил и советник на високите политички претставници на администрациите на Картер, Реган и Буш во областите буџетирање и управување со човечките ресурси. Тој пред присутните градоначалници ги сподели своите практични и теоретски искуства кои се однесуваат на предусловите за градење на добар систем за управување со локалната власт со фокус на најдобрите практики во човековите права и управување со ресурси во јавниот сектор. Тој подетално се фокусираше на претставување еволуцијата на американскиот систем на спречување на појавите на корупција, непотизам и партиско вработување или таканаречениот систем на PATRONAGЕ и преминување на мерит систем преку кој само квалитетните и професионалните кадри можат да бидат дел од јавната администрација. Во кратки црти ги претстави и основните начела на актот за спречување на појави од овој тип во САД познат како Hatch Act. По презентацијата, присутните градоначалници имаа можност да постават прашања и да разговараат со гостинот и ги споделат и нивните видувања за овие појави, како и досегашните искуства за спречување на судир на интереси, непотизам и деполитизација на општинската администрација.





назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.