ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
ОБУКА ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО НЕИЗГРАДЕНО ЗЕМЈИШТЕ
11 јануари 2018
 

 

Во ЗЕЛС тренинг центарот на 10, 11 И 12 јануари за околу 200 пријавени претставници на локалните самоуправи се одржуваат обуки за стекнување со овластување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија.

Обуките се организираат од Mинистерството за транспорт и врски на Република Македонија и од ЗЕЛС. На обуките ќе биде објаснета законската регулатива поврзана со управувањето со градежното земјиште, како и детално се објаснуваат сите чекори за користење на софтверската апликација www.gradezno-zemjiste.mk наменета за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија.

По завршување на обуката, претставниците на општинската администрација, треба да полагаат испит. Испитот ќе се полага електронски преку интранет на Правниот факултет, односно преку информацискиот систем за полагање испити. Испитот за стекнување со овластување се состои од два дела: прв теоретски дел, и втор дел (практичен пример). Теоретскиот и практичниот дел ќе се полагаат во група од најмногу 30 лица, во следните термини: 01 февруари, 2018г., 01, 05, 06 и 28 март, 2018г. Согласно бројот на кандидати кои го исполнуваат условот за полагање испит, Комисијата ќе формира соодветен број на групи, а секој кандидат поединечно ќе биде известен за испитниот термин





назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.