ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Заложба за поголема застапеност на лицата за односи со јавноста во општините –став на Мрежата на ПР лица при ЗЕЛС
2 јули 2018
 

Мрежата на лицата за односи со јавноста од општините одржа советување на 29 јуни, 2018 година во ЗЕЛС тренинг центарот. Тема на советувањето беше Управувањето со внатрешната комуникација – важен услов за транспарентно работење на општината“. По направеното ревидирање на членовите на Мрежата, советувањето претставуваше прва средба во овој состав.На присутните им се обрати и заменичката извршен директор на ЗЕЛС,  Ардита Дема Мехмети, која  присутните ги запозна со улогата на ЗЕЛС, организационата поставеност и досегашните успеси во лобирањето на ЗЕЛС за  разрешување на предизвиците на локалните власти и обезбедување на поквалитетни законски решенија за спроведување на префрлените надлежности. 

Беше посочено дека и после 13 години на имплементација на локалната власт во нашата земја, општините, особено помалите и руралните, немаат вработено, ниту пак предвидено во систематизацијата вакво работно место. Како причина се посочува недостаток на финансиски средства за ваков вид на вработување или пак, дека во општината не постојат медиуми, што укажува на непознавање на улогата и функцијата на лицата за односи со јавноста. Во одредени општини активностите од оваа област ги врши службеник кој освен обврските од својата професија, ,,ad hok“ реализира и активности како ПР лице.

Занемарувањето на постоење на професионално лице за односи со јавноста во општината, многу често е директен показател на пониско ниво на транспарентноста на општината и на недоволно остварена двонасочна комуникација со нејзините целни јавности. Во член 8 од Законот за локална самоуправа е утврдено дека информирањето на јавноста е должност на општините, односно дека општините се должни, без надоместок да ги информираат граѓаните за својата работа како и за плановите и програмите, кои се од значење за развој на општината на начин утврден со статутот и се должни на граѓаните да им овозможат пристап кон основните информации за услугите што им ги обезбедува на начин и под услови уредени со статутот. Во целиот тој процес, поради неадекватно управување со внатрешната комуникација во општината, граѓаните остануваат неинформирани за значајни прашања од локално значење.

Сликата во општините со центар во град е на одредено повисоко ниво, во однос на вработувањето на професионалците за односи со јавноста, како и информирањето на граѓаните, иако и во овие единици на локалната власт улогата на ПР лицето повеќе се врзува за односите со медиумите и дневно „покривање“ на активности на градоначалникот. Сепак, во овие општини се забележува поголема посветеност на внатрешното комуницирање, односно на детектирањето на сите активности и на сите акти кои произлегуваат од општината, за кои јавноста треба да биде навремено и транспарентно информирана. Транспарентното и отчетно работење на општината е огледало и слика на добро воспоставена внатрешна комуникација, па од таму тоа е првата точка на која односите со јавноста треба да посветат најголемо внимание.


Во таа насока, како добра практика, беше презентирана ,,Внатрешната комуникација во општина Карпош“. Раководителката на Одделението за односи со јавноста, Виолета Цветковска, го претстави целиот процес на комуницирање што се реализира внатре во општината, посочувајќи ги посебно активностите на вработените за односи со јавноста со колегите и со сите раководителите на сектори и одделенија и со градоначалникот, во насока на навремено и целосно информирање на граѓаните. Беше посочено дека свеста кај раководителите е подигнато на ниво, да тие секојдневно доставуваат и бараат од одделението за односи со јавноста, нивните активности да бидат презентирани пред граѓаните.


Како успешна практика беше презентирана и внатрешната комуникација што се реализира во Општина Кочани. Советничката за односи со јавноста, Љубинка Ајтовска говореше за важноста на организирањето на колегиумот во општината, како главен извор на информации за ПР лицето но и за меѓу-секторска информираност. – „Многу е лошо кога општината нешто реализира, а ПР лицето не е информирано, па доколку настане некоја ,,криза,, ,,жешките костени,, му се ставаат во рацете на ПР лицето“рече Ајтовска. Таа посочи дека општината има изготвено и годишна Програма за односи со јавноста, како статутарна обврска за секоја општина, како и Стратегија за односи со јавноста..

Многу интересна практика презентираше и Лилјана Стројановска, лице за односи со јавноста и соработка со НВО,од општина Крива Паланка, која посочи дека на веб порталот на општината има поставено посебен дел ,,Односи со јавноста“, каде меѓу другото се ставени сите записници од колегиумите, со детален опис на дискусијата и насоките за натамошно дејствување. Таа истакна дека општината изминатите две години по ред е прворангирана општина на „Индексот на отворена транспарентна општина“ и исто така, веб страната на општината е рангирана на трето место, на ниво на институции во земјава.
Присутните изразија залагање за поголема застапеност на лицата за односи со јавноста во локалната власт и јакнење на капацитетите на ПР лицата преку обезбедување на обуки од страна на ЗЕЛС.. Подготовка на План за односи со јавноста и Стратегија“ „ Алатки за односи со јавноста“; „Внатрешна комуникација’ ; Протокол“;„ Кризен ПР“ ..се дел од обуките што им се потребни за квалитетно извршување на своите обврски. Имајќи во предвид дека оваа професија бележи најдинамични и најбрзи промени при нејзиното практикување, од особена важност е да се обезбеди континуирано надградување и обучување на овие лица, како и брзо и ефикасно меѓусебно споделување на искуствата што се стекнуваат во текот на работењето. ЗЕЛС секогаш се залага за обезбедување на еднаков развој на сите нејзини членки, па во тој контекст е и нејзиното залагање за брзо и ефикасно споделување на добрите практики од работењето во сите области кои се во надлежност на локалната власт и обезбедување на обуки на вработените.

Беше договорено следното средба на членовите на Мрежата да се организира кон средината на месец јули, кога ќе се одржи обука за подготовка на ,,Програма за односи со јавноста“ и „Разгледување на листата со задолжителните информации кои општината треба да го постави на својата веб страна“.








назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.