|
|
Прес Соопштенија
|
7 јули 2010
- ЗЕЛС организира Конференција на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија, во Скопје -
(Oтворањето на Канцеларија на ЗЕЛС и на Градот Скопје во Брисел, во завршна фаза ) -
На осму јули,( четврток) 2010 година, во хотел ,,Холидеј ин” (сала Милениум 1), во организација на ЗЕЛС, ќе се оддржи четвртата по ред Конференција на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија (КЗЗ). Ова е втор по ред состанок што КЗЗ го одржува во нашата земја. Првиот беше организиран минатат година, во месец мар, во градот Охрид.
По тој повод ЗЕЛС, Ве поканува на прес-конференција, што ќе се оддржи во 11,30 часот, во истата сала, на хотелот ,,Холидеј ин“, на која ко-претседавачите, министерот за локална самоуправа Муса Џафери и претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски, ќе дадат кратки информации за значењето и целите на Конференцијата. Медиумите исто така ќе бидат запознаени и со превземените активности за отворање на Канцеларија на ЗЕЛС и на Градот Скопје, во Брисел. Канцеларијата треба да им овозможи на локалните власти од нашата земја понепосредно црпење на искуства од европските земји на полето на локалната и регионална власт и полесно добивање на информации на локалните власти за расположливите средства од европските фондови .
|
|
|
|
10 јуни 2010
 Оваа сабота, (12 јуни, 2010 година), на скопскиот плоштад ,,Македонија“, продолжува манифестацијата ,,Промотивни денови на планските региони“ под мотото ,,Сакај ја Македонија, уживај во својата татковина“, со претставување на Иточниот плански регион.
Центарот за развој на Источниот плански регион, заедно со општините кои се наоѓаат во регионот: Берово, Делчево, Македонска Каменица, Виница, Кочани, Штип, Пехчево, Зрновци, Чешиново-Облешево,Карбинци,Пробиштип подготвуваат богата презентација на досегашните активности и проекти и на идните планови за стопански, културен и туристички развој на регионот.
Саботната манифестација ќе ја отвори градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски, претседател на Советот на Источниот плански регион. На поставените штандови на плоштадот ,,Македонија“, Центарот за развој на Источниот плански регион, општините и стопанските субјекти обезбедија богат промотивен материјал од каде граѓаните ќе може да добијат подетални информации, а на прашањата на заинтересираните посетители одговори ќе даваат присутните градоначалници и општинската администрација.
Целата манифестација ќе биде збогатена со богатата културно -уметничка програма, која ќе ја води Игор Џамбазов, а која е подготвена од познати уметници кои потекнуваат од овој крај, меѓу кои Дуле и Коки, Јован Јованов, Јоце Панов, Игуана Бенд, Сања Лефкова, Лилјана Атанасовска, Томас, Илија Ќосев, Браќа Кадриеви. Публиката ќе ја забавуваат и ДЈ Борче и ДЈ Неннат. на ора и игри карактеристични за овој регион .
|
|
|
|
27 мај 2010
На дневен ред се поставени повеќе точки, меѓу кои е и разгледувањето на извештајот за финансиското работење на ЗЕЛС во 2009 година и ревизорскиот извештај за работата на ЗЕЛС. Членовите на УО ќе дискутираат по утврдените систематизирани ставови во областа на комуналните дејности што ги подготви и што ќе ги предложи Комисијата за комунални дејности при ЗЕЛС, а исто така ќе се разговара за утврдувањето на препорака до локалните власти и усвојувањето на Одлука за изменување и дополнување на Статутот на општината и Правилник за организирање и спроведување на форумите во општината. На седницата ќе биде разгледан досегашниот тек на реализирање на манифестацијата ,,Промотивни денови на регионите, под мотото ,,Сакај ја Македонија – уживај во твојата татковина”. Од посебно занчење е Извештајот од состанокот на Комисијата за следење и оценка на исполнетост на условите за преминување во втора фаза од порцесот на фискална децентрализација, како и информацијата за чистење на каналите.
|
|
|
|
26 март 2010
Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија- ЗЕЛС, организира тридневна работилница, на кој ќе биде разгледуван текстот на новиот предлог закон за градежно земјиште.
Настанот започнува денес (26 март, 2010 година), во 16,30 часот, во хотелот ,,Бистра“, во Маврово, а ќе заврши во недела ( 28 март, 2010 год) во 14 часот.
На работилницата првиот ден ќе учествуваат претставниците на Комисијата за урбанизам при ЗЕЛС, додека утре (27 март 2010) со почеток во 9.30 на работилницата ќе учествуваат и претставници од Министерството за транспорт и врски предводени од Министерот за транспорт и врски, г-дин Миле Јанакиески.
Овој настан е од големо значење за развивањето на децентрализацијата во нашата земја и е резултат на постојаните притисоци на ЗЕЛС и на општините, градежното неизградено земјиште да се префрли на управување на локалните власти.
|
|
|
|
28 јануари 2010
На 28 јануари, со почеток во 10 часот, во Клубот на пратениците, во Скопје ќе се одржи Конференција на државните инспектори и на локалните овластени инспектори. Иницијативата е на државните инспекциски служби а поддржана од Заедницата на единиците на локалната самоупрва на Република Македонија-ЗЕЛС.
Целта на оваа Конференција е да се лоцираат сите преклопувања и неразјаснети законски одредби во функционирањето на државниот и на локалниот инспекциски надзор, со цел изнаоѓање на мерки за надминување на сегашната состојба.
|
|
|
|
22 јануари 2010
ДЕНЕС, 22 јануари, 2010 година, (петок), во 13 часот, во административната зграда на ЗЕЛС, на улица ,,Женевска „ б.б., во населбата ,,Тафталиџе 2“, Ве покануваме на прес-конференција, на која претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски ќе информира за иницијативата на ЗЕЛС за донесување на Предлог-закон за плаќање на рати на даночни долгови на јавните претпријатија и трговски друштва, основани од Република Македонија, општините и Град Скопје, со кој ќе им се овозможи натамошно ефикасно функционирање на јавните претпријатија.
|
|
|
|
24 декември 2009
Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија –ЗЕЛС, на 24 декември ( четврток), 2009 година, со почеток во 10, 30 часот, во хотелот ,,Холидеј Ин”, организира Конференција за имплементираноста и развојот на информатичка технологија во единиците на локалната самоуправа . Поканети се сите градоначалници, општинските советници за ИТ, претставници од Дирекцијата за заштита на лични податоци, како и од странските донаторски организации кои во изминатиот период им даваа поддршка на општините во развојот на оваа област. Настанот ќе го отвори министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, а на присутните ќе им се обратат и претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски и претседателот на Комисијата за електронски општини при ЗЕЛС, Зоран Алкесов, градоначалник на Општина Штип.
|
|
|
|
14 септември 2009
Покана
Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Р. Македонија-ЗЕЛС и Централниот регистар на Р Македонија, на 24 јули, 2007 година, во 9 часот, во просториите на Централниот регистар (кај Народна банка) ќе потпишат Договор за користење на податоците од страна на ЗЕЛС за сите субјекти запишани во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, кои согласно на Законот за комунални такси подлежат на наплата за комунални такси. Всушност со овој Договор ќе биде уредена доставата на податоците потребни за ажурирање на општинската база на субјекти кои подлежат на обврската за плаќање на комунална такса –фирмарина (која претставува еден од изворните приходи на општината). Договорот ќе го потпишат претседателот на ЗЕЛС Андреј Петров и директорот на Централен регистар, д-р Зоранчо Алексов.
Потпишувањето на Договорот претставува особено важен настан за единиците на локалната самоуправа бидејки, по подолготрајно залагање на ЗЕЛС, дефинитивно префрлените податоци, општините ќе ги добиваат по помала цена од досегашната.
Според Договорот, Централниот регистар на РМ на ЗЕЛС иницијално ќе му ги достави податоците во електронска форма, на оптички медиум-ЦД, поединечно за секоја општина, а потоа на секои 4 месеци ЦР до ЗЕЛС ќе доставува податоци за извршени промени кај субјектите, повторно поединечно за секоја општина. Наплатата на надоместокот за доставените податоци ќе се врши согласно доставените податоци на општинатаа пресметката од Централниот регистар ќе биде испраќана по истекот на тековната година, во периодот март - април. Добиените податоци од ЦР, општините можат да ги користат само за свои потреби, односно за унапредување на процесот на прибирање на комуналната такса.
Ќе ни претставува особена чест и задоволство доколку Вашиот медиум го проследи овој настан.
Со почит,
Заедница на единиците на локана
Самоуправа на Р.Македонија -ЗЕЛС
23 јули, 2007 година Координатор за односи со јавност
Скопје Весна Арсовска
|
|
|
|
Погледнете во нашата архива на вести
|
|
|