Програма на ЗЕЛС, Европската Унија и Совет на Европа
„Лидерски стандарди и избор на најдобри практики“
Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Р.М – ЗЕЛС, поддржана од Европската Унија и Совет на Европа започна со реализација на програмата: Лидерски стандарди и избор на најдобри практики со три програмски модули: Најдобри практики, Лидерски стандарди и Етика на локално ниво Овие три програмски модули треба да помогнат во поддржување на процесот на децентрализација, и тоа преку воспоставување на транспарентна општина, идентификување на најдобри практики и добро менаџирање во единиците на локалната самоуправа.
Општините во Р.Македонија покажаа голем интерес за учество во Програмата “ Лидерски стандарди и избор на најдобри практики”. Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС, ги спроведува сите програмски модули во соработка со Совет на Европа а истата финансиски е поддржана од Европската Комисија преку Европската Агенција за реконструкција. Програмата “ Избор на најдобри практики” е поддржана и од Програма за локална самоуправа на УСАИД

1. ПРОГРАМА ЗА НАЈДОБРА ПРАКСА ЗА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА
2. ПРОГРАМА ЗА ЈАВНА ЕТИКА ЗА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА
3. ПРОГРАМА ЗА ЛИДЕРСКИ СТАНДАРДИ ЗА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА


Поопширно за секоја од програмите:


1. ПРОГРАМА ЗА НАЈДОБРА ПРАКСА ЗА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

ИДЕНТИФИКУВАЊЕ И ИСТАКНУВАЊЕ НА НАЈДОБРАТА ПРАКСА И НЕЈЗИНО ТРАНСФОРМИРАЊЕ ВО ПРОГРАМА ЗА ОБУКА

Најдобрата пракса им овозможува на општините да ја демонстрираат својата ефикасност и ефективност и да покажат дека се способни организации. Таа им дава в раце инструмент со кој можат да излезат пред Владата и да ја покажат својата подготвеност за поголеми надлежности. Најдобрата пракса покажува што е тоа што општините можат најдобро да го направат.
Секоја земја има своја добра пракса. Странски експерти не се потребни. Добрата пракса се негува дома и произлегува од квалитетот на општинските лидери, раководители и вработени, односно од луѓето кои со задоволство го даваат својот максимум и постигнуваат висок квалитет. Најдобра пракса е всушност да се идентификува оваа добра пракса, да се истакне најдоброто и истата да се трансформира во инструмент за обука од кој ќе можат да учат сите други општини.
Превземете ја брошурата: Избор на најдобри практики во единиците на локалната самоуправа на Р.М - ЗЕЛС на македонски и албански јазик

Достигнувања:
До 15 март беше крајниот рок за аплицирање на општините за Програмата “Избор на најдобри практики“ ,а во тек е разгледувањето и утврдувањето на бројот на пријавени општини со нивни примери за најдобри практики.
Општините можеа да аплицираат во три области: Зголемување на квалитетот на услуги во процесот на децентрализација, Промовирање на учество на граѓаните во донесувањето одлуки и Финансиски менаџмент-зголемување на изворите на приходи во општините.
За потребите на Прогарамата, ЗЕЛС подготви и брошура“ Избор на најдобри практики во единиците на локаланта самоуправа“, на македонски и албански јазика, во која беше објавен формуларот за аплицирање во ЦД.
Претходно беа организирани 4 регионални работилници за сите градоначалници и претставници од администрацијата на која странски и домашни експерти ја претставуваа програмата, целта и начинот на аплицирање.
Регионалните работилници се одржаа во Штип, Охрид, Маврово и Скопје, на која имаше голем број на учесници.
Во јуни ќе биде бидат прогласени 6 најдобри практики од општините улесници во Програмата “Избор на најдобри практики“.



2. ПРОГРАМА ЗА ЈАВНА ЕТИКА ЗА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

„КОН ТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА”

Високите етички стандарди се камен-темелник за добро демократско владеење.
ЗЕЛС спроведе национална кампања за подигнување на јавната свест под наслов „Кон транспарентна општина”, со цел да ги промовира „начелата на доброто демократско владеење” и да поттикне учество во програмата.
Сите општини беа поканети да се кандидираат за наградата „Транспарентна општина”. Единиците на локалната самоуправа кои ќе земат учество ќе мора да покажат (пред надзорна група и независен одбор на експерти) дека ги исполнуваат „начелата содржани во Збирката на стандарди”.
Превземете ја брошурата: Стандарди за јавна етика „Кон транспарентна општина” на македонски, албански и англиски јазик.

Достигнувања:
За учество во “Програмата за Етика на локално ниво“ се пријавија 14 општини кои го доставија пополнетиот прашалник за самоевалуација до ЗЕЛС, во кој го оценија нивото на етичко работење во општината.
До месец јуни тие треба да покажат подобрување во однос на секој од шесте стандради и да ги исполнат минималните критериуми/задачи објавени во Прирачникот “ Кон транспарентна општина“, на македонски, албански и англиски јазик.
ЗЕЛС заедно со Совет на Европа планира да одржи во текот на месец април советодавна работилница за сите учесници во оваа Програма на која експертот од Совет на Европа и домашен експерт ќе можат да им помогнат на учесниците со совети и предлози како да ги спроведат зададените задачи.
Во месец јуни ќе бидат избрани 6 –те најдобри општини кои покажале подобрување во однос на стандардите и ги исполниле 6-те задачи.
Во рамките на Програмата “Етика на локално ниво“, за која Р.Македонија е првата земја која ја спроведува оваа програма беше организирана едномесечна кампања во пишаните и електронски медиуми. Преку ТВ спот, флаери и постери беа информани општините, но и граѓаните за целта на оваа прогхрама. ЗЕЛС организираше и 4 регионални работилници за градоначаниците и претставници од администрацијата на кои беа претставувани целите и начинот на аплицирање за Програмата.
Регионалните работилници се одржаа во Скопје, Струмица, Битола и Гостивар



3. ПРОГРАМА ЗА ЛИДЕРСКИ СТАНДАРДИ ЗА ЕДИНИЦИТЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Лидерските стандарди ќе им овозможат на локалните власти да пристапат кон ефективноста во три главни насоки – лидерски способности, обезбедувње на услуги и учество на граѓаните.
Секогаш има нешто што може да се подобри во управувањето со општината. Тим на обучени колеги од разни општини од земјава кои доаѓаат во посета на општина која што доброволно се пријавила да биде домаќин и вршат проценка на општината. Проценката не е инспекција, напротив проценката од колеги е поддршка од страна на пријателски тим. Се идентификуваат моменталните јаки страни исто колку и предизвиците односно што би можело да се подобри во работата на општината во иднина. Се врши реална проценка на моменталните остварувања и способности за промени, односно подобрување на управувањето со општината.
Ова е процес на промени кои водат кон подобрување на работата општината.
Превземете ја брошурата: Лидерски стандарди на македонски и албански јазик.

Достигнувања:
Во Програмата “ Лидерски стандарди“ се вклучени шест општини: Берово, Радовиш, Чаир, Битола, Виница и Македонски Брод. Во првите три општини веќе се спроведени посети на колеги, а посетите на останатите две општини ќе бидат завршени до крајот на месец јуни.
За Општина Берово веќе е и изготвен и објавен Извешатајот во кој се проценети лидерските способности на вработени во општината, утврдени јаките, но и слаби страни на кои треба да порабoтaт и да ги подобрат, што е и целта на програмата.
Извештаи и план за подобрување треба да бидат изготвени за сите пет општини кои треба да покажат унапредување на лидерските стандарди.


горе




 Формулари
  Formulare
 Апликативен формулар за општините на: македонски, албански јазик.

 Канцелариите
на ЗЕЛС
Погледнете каде е лоциран ЗЕЛС

 Гласило
Гласилото на ЗЕЛС од тековен месец