Публикуван извештајот на ЗЕЛС за 2007 година

Во мај, ЗЕЛС го публикува и на три јазици (македонски, албански и англиски) го издаде Годишниот извештај за 2007 година. Ова е трето издание на годишните извештаи на ЗЕЛС. На  40 страници во боја, преку слика и текст пренесени се најзначајните активности и настани на организацијата, спроведувани во текот на минатата година. Прикажана  е и структурата на остварените приходи и расходи во 2007 година, како и ревизорското мислење  на финасиските извештаи на Заедницата.
Во 2007 година, ЗЕЛС го одбележа Јубилејот -35 години постоење. Со финансиска помош на ЕАР започна изградбата на првата административна зграда на ЗЕЛС- „Куќа на општините”. Педесет и една општина преминаа во втората фаза на фискалната децентрализација, а ЗЕЛС започна проект за поддршка и на остатаните општини со цел што побрзо надминување на проблемите и исполнување на условите. Во 2007 година ЗЕЛС успешно беше реализиран четвртиот по ред, Саем на општините - ,,ЗЕЛС ЕКСПО 2007 “, при што многу општини се изјаснија дека сакаат тој да прерасне во традиционална манифестација, која ќе се оддржува и понатаму на секои две години. Беа спроведени бројни обуки на општинската администрација, беше реализирана и правата платена услуга на ЗЕЛС, што претставува дел од стратегиската цел на ЗЕЛС за обезбедување на финансиска самоодржливост на Асоцијацијата. Беа издадени неколку  брошури за подобро спроведување на процесот на децентрализацијата на власта, реализирани бројни проекти...  Од особена важност за општините воовој период се постигнувањата на одредени законски промени, меѓу кои на Законот за данок на имот, на Законот за минерални суровини и на Законот за комунални дејности. Како резултат на интензивни позитивни взаемни активности беа склучени повеќе меморандуми за соработка со значајни институции, организации и странски асоцијации. Беше организирана средба на Управниот Одбор на ЗЕЛС со Претседателот на државата и две средби со Владата на РМ, а беа остварени среќавања и дискусии со повеќе министри од Владата . Сето тоа покажува дека ЗЕЛС во општествени рамки интензивно се етаблира во нагорна линија и претставува достоен партнер на извршната власт во земјава, што всушност претставува клучен дел од стратегијата на ЗЕЛС. Во своето работење, ЗЕЛС продолжи со своите акттивности на полето на градење и јакнење на капацитетите на локалната администрација. За таа цел со поддршка на повеќе меѓународни донаторски организации спроведе низа обуки и организира значајни тематски конференции. Една од позначајните конференции беше ,,Предизвиците на втората фаза од фискалната децентрализација “, што се оддржа по повод две години од започнувањето на процесот на децентрализацијата во нашата земја. На овој настан ЗЕЛС даде ретроспектива на постигнатите резулати, беа сумирани позитивните и негативни искуства од изминативе две години, а главен акцент беше ставен на предизвиците со кои се соочуваат општините  за исполнување на критериумите за влез во втората фаза, како и за оние  општини кои веќе ги исполнија потребните услови. И покрај сите тешкотии и слабости, беше констатирано дека децентрализацијата на власта во земјава претставува голем исчекор во поглед на развојот на општеството во целина. ЗЕЛС континуирано ги реализира самозададените стратегиски цели за афирмација на локалните демократски вредности, продлабочувајќи ја соработката со бројни домашни и странски субјекти и е еден од најзначајните предводници во решавањето на актуелни прашања од  значење за општините. Она што му претстои на ЗЕЛС е сите 84 општини и Градот Скопје да влезат во втората фаза од фискалната децентрализација со цел продолжување на демократскиот амбиент на локално ниво и градење на силна локална самоуправа со поголема финансиска самостојност.

Како резултат на интензивни позитивни взаемни активности беа склучени повеќе меморандуми за соработка со значајни институции, организации и странски асоцијации. Беше организирана средба на Управниот Одбор на ЗЕЛС со Претседателот на државата и две средби со Владата на РМ, а беа остварени среќавања и дискусии со повеќе министри од Владата . Сето тоа покажува дека ЗЕЛС во општествени рамки интензивно се етаблира во нагорна линија и претставува достоен партнер на извршната власт во земјава, што всушност претставува клучен дел од стратегијата на ЗЕЛС. Во своето работење, ЗЕЛС продолжи со своите акттивности на полето на градење и јакнење на капацитетите на локалната администрација. За таа цел со поддршка на повеќе меѓународни донаторски организации спроведе низа обуки и организира значајни тематски конференции. Една од позначајните конференции беше ,,Предизвиците на втората фаза од фискалната децентрализација “, што се оддржа по повод две години од започнувањето на процесот на децентрализацијата во нашата земја. На овој настан ЗЕЛС даде ретроспектива на постигнатите резулати, беа сумирани позитивните и негативни искуства од изминативе две години, а главен акцент беше ставен на предизвиците со кои се соочуваат општините за исполнување на критериумите за влез во втората фаза, како и за оние општини кои веќе ги исполнија потребните услови. И покрај сите тешкотии и слабости, беше констатирано дека децентрализацијата на власта во земјава претставува голем исчекор во поглед на развојот на општеството во целина. ЗЕЛС континуирано ги реализира самозададените стратегиски цели за афирмација на локалните демократски вредности, продлабочувајќи ја соработката со бројни домашни и странски субјекти и е еден од најзначајните предводници во решавањето на актуелни прашања од значење за општините. Она што му претстои на ЗЕЛС е сите 84 општини и Градот Скопје да влезат во втората фаза од фискалната децентрализација со цел продолжување на демократскиот амбиент на локално ниво и градење на силна локална самоуправа со поголема финансиска самостојност.
-Годишен Извештај Македонски;
-Годишен Извештај Албански;
-Годишен Извештај Англиски;



Назад горе



 Формулари
  Formulare
 Апликативен формулар за општините на: македонски, албански јазик.

 Канцелариите
на ЗЕЛС
Погледнете каде е лоциран ЗЕЛС

 Гласило
Гласилото на ЗЕЛС од тековен месец