|
ОГЛАС ЗА БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ |
Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС има потреба од набавка на услуга за технички и визуелен редизајн на постоечката интернет страница.
Од понудувачот се бара:
1. Изработка на интернет апликација
2. Инсталација на интернет апликацијата
3. Презентација и обука – Избраната фирма ќе треба да изврши презентација на интернет апликацијата и обука за користење на истата за вработените во ЗЕЛС.
Огласот е отворен до 1 септември 2008 до 11 часот, кога ќе се одржи јавното отварање на понудите во просториите на ЗЕЛС.
Тендерска документација може да се подигне преку веб страната на ЗЕЛС www.zels.org.mk/doкumenti/tenderska.html или во просториите на ЗЕЛС, на ул: Женевска бб -1000 Скопје, секој работен ден од 9.00 до 15 часот.
Огласот за прибирање на понуди е објавен на веб страната на Бирото за јавни набавки www.javni-nabavki.finance.gov.mk под број 0506/913/2008 и на веб страната на ЗЕЛС www.zels.org.mk
Документација за економски оператори:
Funkcionalen_opis_ZELS_internet_app_Kraen.doc
Preporaki_nabavka_softver_ELS.doc
Tender za web.doc
|
|
Оглас за ангажирање на лица –експерти за спороведување на проект |
Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС во периодот септември 2008 - март 2009 година во соработка со УСАИД/Програма за локална самоуправа спроведува проект за транспратено, отчетно работење и учество на граѓаните во 10 пилот општини. Во рамките на проектот ќе се испорачуваaт обуки за вработените во општините за транспарентно работење преку инструмент за мерење на отчетноста, одговорноста и учеството на граѓаните во работата на општината.
По тој повод објавува Оглас за ангажирање на лица –експерти за спороведување на проектот, за две позиции и тоа:
ЛИДЕР НА ТИМ, со следниве квалификации:
- Одлично познавање на работата на локалните самоуправи, нејзината организираност, како и процесот на децентрализација во Република Македонија
- Еспертиза во областа на транспаретност, отчетност, одговорно работење и граѓански сектор
- Искуство во испорака на работилници, обуки, семинари, презентации и техничка помош
- Искуство во подготовка на програмски курикулуми и соодветни материјали за потребите на проектот
- Одлични вештини за презентација и трансфер на знаење
- Аналитичност и способност за синтезирање на информации
- Одлични комуникациски вештини. Јасност, прецизност, ефикасност и сигурност во настапот
- Одлични организациски способности
- Способност за работа во тим и самостојно
- Способност за работа во мултиетничка средина и можност за адаптирање на новонастанати состојби
- Личноста треба да биде одговорен/а, самоуверен/а и позитивен/на
- Универзитетска диплома
- Напредни компјутерски вештини (Microsoft Office, интернет)
Одговорностите на Лидерот на тимот ќе бидат:
Дизајнирање на Инструментот за мерење на степенот на транспаретнсот, отчетност и учество на граѓаните
Дизајнирање на курикулум за обука за оптшините
Импементирање на инструментотот во општините
Учество при обуките во пилот општините
Анализирање на резулатите и изготвување на препораки за подобрување на степенот на транспаретност, отчетност и учество на граѓаните
ЕКСПЕР Т ЗА ОБУКИ, со следниве квалификации:
- Одлично познавање на работата во оптшината, нејзината организираност, како и процесот на децентрализација во Република Македонија
Досегашно искуство со обуки во општините
Искуство во испорака на работилници, обуки, семинари, презентации и техничка помош
Одлични вештини за презентација и трансфер на знаење
Искуство во подготовка на извештаи
Способност за работа во тим и самостојно
Способност за работа во мултиетничка средина и можност за адаптирање на новонастанати состојби
Личноста треба да биде одговорен/а, самоуверен/а и позитивен/на
Универзитетска диплома
Напредни компјутерски вештини (Microsoft Office, интернет)
Одговорностите на Експертот за обуки ќе бидат:
Учество и асистирање на Лидерот на тимот при дизајнирањето на курикулумот за обуки
Испорака на обуките во општините
Учество и асистирање на Лидерот на тимот во анализирањето на резулатите и изготвувањето на препораки за подобрување на степенот на транспарентност, отлчетност и улество на граѓаните.
Кандидатите својата биографија и мотивационо писмо треба да ги достават во период од 8 работни дена по објавувањето на огласот, по пошта или на е-маил, на следната адреса:
Заедница на единиците на локалната самоуправа на Р.М. - ЗЕЛС,
ул. “Женевска” б.б., 1000 Скопје,
e-mail: contact@zels.org.mk
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју во канцелариите на ЗЕЛС во Скопје.
|
|
Soft-loan финансирање за проекти од комуналната инфраструктура |
Автриската држава, преку Австриската банка овозможува финасирање на проекти за изградба на комуналната инфраструктура во Република Македонија, по т.н. софт-лоан кредити. Предностите на овој вид кредитирање се следниве: кредитот е бескаматен, кредитирање на градежни работи и домашен материјал ( плаќање на градежен материјал и работна рака за проектот); можност за грејс период; отплатата на кредитот отпочнува после предавањето на проектот во употреба; 13% грант на вкупната вредност на кредитот.
Повеќе за основните услови за финансирање на проектите ќе добиете од приложените документи: Soft Loan 08.pdf, како и Soft Loan CAT 5 ENG.pdf .
Финансирање на овој начин е возможно само со претходна согласнот од Министерството за финансии на Република Македонија, со цел Министертвото за финансии на Република Австрија да добие гаранција за отплата на кредитот.
Проектите за водостопанство ги поддржува и Владата на Република Македонија во својата програма: http://www.vlada.mk/Assets/PROGRAMA%20ZA%20RABOTA%20NA%20VLADATA-MAK.pdf soft loan 08.pdf; Soft Loan CAT 5 ENG.pdf; upatstvo_potpisano.pdf;
Откако ќе бидат исполнети основните барања за софт-лоан финансирањето, до ДМГ Интертраде треба да се достават следниве документи:
- Кратко запознвање со проектот. Овој документ треба да содржи:
– Тип на проектот (водоснабдување, прочистување на отпадните води-атмосферски, фекални и индустриски отпадни води, канализација, третирање на вода и слично)
- Колку проекти треба да бидат изведени
- Во кој временски период се планира реализација на дадениот проект
- Дали има идеен или изведбен проект
- Вредноста на секој проект (вредноста на материјалот и проеценетата вредност на градежните работи)
- Вкупна вредност на проектите( вкупна вредност на материјалот и проценетата вредност на градежните работи)
- Копија од детална спецификација на материјалот употребен во проектот ( по можност според ДИН нормите) и ако е во можност со приближна проценка на цената на материјалот. Пожелно е документот да биде во Microsoft Excel формат.
- Копија од проектот или идејниот план.
Сите документи мора да бидат на Англиски јазик, додека пак вредноста да биде изразена во ерва.
За подетални информации може да контактирате со:
Dragutin Mitrecic
CEO
DMG Intertrade®
Office Skopje
1000 Skopje, Macedonia
Dame Gruev 28
Phone: +389 2 2736 497
Fax: +44 7006 073 072
Mobile: +389 75 577 823
www.dmg-intertrade.com
info@dmg-intertrade.com
|
|
Излезе јулскиот број на Гласилото на ЗЕЛС |
Како резултат на континуирани заложби на ЗЕЛС за надминување на неповолните состојби за општините во врска со надоместокот и префрлањето на податоците од Централниот Регистар, пратениците ја прифатија доставената иницијатива на ЗЕЛС, за измени и дополнувања на Законот за Централен Регистар,со што, покрај Владата и останатите органи на управата и единиците на локалната самоуправа (член 1 од измената) ќе ги добиваат овие податоците без надоместок. Во месец јули, Управниот Одбор на ЗЕЛС, ја оддржа 11-тата седница на која беа разгледани повеќе значајни прашања од работењето на општините, меѓу кои политиката на ЗЕЛС за земјиштето, можностите за зголемување на изворните приходи на општините, реафирмација на ставовите на ЗЕЛС во однос на Законот за финансирање на ЕЛС, состојбите во втората фаза од децентрализацијата со посебен осврт на проблемот со општините кои имаат блокирани сметки и оние кои немаат соодветни технички капацитети. Беше дискутирано и за други прашања од важност за непречено функционирање на локалната власт. На оваа седница, Андреј Петров официјално се повлече од челната позиција во ЗЕЛС, а до донесување на друга одлука на УО, ЗЕЛС ќе го претставуваат двајцата потпретседатели Невзат Бејта и Коце Трајановски. Во мини- интервјуто, што го направивме по тој повод, Андреј Петров им порача на своите доскорешни колеги дека единството во ЗЕЛС е важен услов за успешно продолжување на процесот на децентрализација во земјава. На 17 јули, Комисијата за рурален развој, одржа состанок на кој освен нејзините членови присуствуваа и повеќе градоначалници од руралните општини, до кои беше испратена отворена покана за присуство на седницата. Беа разгледувани многу прашања меѓу кои за земјоделското земјиште и неговото значење за локалната самоуправа; проблемот со правото на доделување на концесии, проблемите на руралните општини со образованието и за нередовното и недоволно снабдување со електрична енергија на руралните средини, а беше опокрената иницијатива за отварање на аптеки во руралните општини. Владата на РМ ја даде првата согласност за задолжување на општините, што претставува нов стадиум во процесот на децентрализацијата на власта, каде општините кои влегоа во втората фаза од фискалната децентрализација, ќе можат да реализираат и поголеми капитални проекти по пат на задолжување. Освен Општина Карпош, која прва доби согласност за задолжување од Владата на Р.Македонија, засега до Министерството за финансии поднесени се барања за задолжување од уште седум општини. Од овој број на Гласилото започнуваме да ги презентираме и избраните шест најдобри општински практики од програмата ,,Лидерски стандарди и најдобри практики,, проект што го имплементира ЗЕЛС во соработка со Советот на Европа и Европска Унија, преку ЕАР,и со вклучување на УСАИД, Програма за локална самоуправа и на Министерство за локална самоуправа.
Гласило ЗЕЛС мкд/алб.pdf ; Zels Newsletter mkd/eng.pdf;
|
|
Покана за учество на стручно советување |
Покана за учество на стручно советување на тема "Компаративните предности од донесувањето на новиот Закон за просторно и урбанистичко планирање, закон за градење и законот за градежно земјиште"Кое министерството за транспорт и врски го организира во Охрид на 23 и 24 август.
Заинтересираните за учество можат директно да контактираат со министерството со Весна Лазаревска , на тел: 02 3145463 или e-mail vesna.lazarevska@mtc.gov.mk, или со Јовица Голич на тел: 02 3145453 или e-mail: golic@mtc.gov.mk
Pokana za sovetuvawe Ohrid-8-2008.PDF
|
|
30.07.2008, Скопје
ЗЕЛС повторно повикува грaдоначалниците од СДСМ
да се вклучат во работењето на Заедницата
|
На 30 јули во 12 часот, беше закажана седница на УО на ЗЕЛС по повод пристигнатото писмо од градоначалниците на СДСМ во кое беше објавено дека нема да учествуваат во работата во сите работни и управни тела на ЗЕЛС. Градоначалниците од СДСМ не дојдоа на седницата по што потпретседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски ја даде следнава изјава:
,,Денес закажавме итна вонредна седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, на која ги повикавме и градоначалниците од СДСМ, со цел преку заеднички дијалог да ги решиме сите настанати недоразбирања кои произлегоа последниве неколку дена, односно да разговараме за писмото што тие го доставија во ЗЕЛС на партиски меморандум за неучество во работата на Заедницата. Сакаме да апелираме до политичките партии да не влијаат врз градоначалниците за опструкција на институциите, а особено опструкција на ЗЕЛС, бидејќи пред сите нас претстои решавање на многу значајни прашања од спроведувањето на локалната власт. ЗЕЛС е единствената организација во која досега немаше партиско влијание и која ужива голема меѓународна репутација. Организација во која одлуките се донесуваа со консензус на сите членки. Сметаме дека со заеднички сили на сите градоначалници од сите политички партии многу полесно и многу подобро ќе ги остваруваме своите права пред централната власт и затоа како и во вчерашното соопштение и сега уште еднаш сакаме да ги повикаме градоначалниците од СДСМ да продолжат со работата во УО на ЗЕЛС, во Собранието на ЗЕЛС. Сметаме дека тоа е единствениот пат да ги оствариме условите за подобар живот на граѓаните во земјава и во нашите општини, во кои сите сме избрани на непосредни локални избори. Се надеваме дека овој чекор на градоначалниците на СДСМ е времена мерка, ние ќе инсистираме преку дијалог да се вратат во ЗЕЛС бидејќи на овој начин губиме сите. Сите ние градоначалници, во нашите средини, секојдневно оперативно дејствуваме и решаваме секојдневни огромни проблеми, затоа треба заеднички да ги утврдуваме барањата за нивно решавање".
|
|
29.07.2008, Скопје
Соопштение |
Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС е единствена Асоцијација на локалните власти во Република Македонија, чија осоновна цел е да ги штити принципите на локалната демократија и истата да ја развива, во согласнот со потребите на граѓаните и нудење на подобри услуги кон нив.
Следејќи го историскиот тек на развојот и работата на ЗЕЛС, може да се заклучи дека се постигнати огромни резултати, како во јакнење на сопствените капацитети, така и во зголеменaта видливост и застапеност на локалната самоуправа во соработка со централните власти, Собранието на РМ, сите владини и невладини институции, како и меѓународниот фактор во РМ и странските проекти.
Знаејќи дека локална самоуправа на Република Македонија е вклучена и максимално активна во спроведувањето на процесот на децентрализација, како еден од најважните процеси кои се спроведуваат во нашата земја, сакаме да:
- Ги повикаме градоначалниците од СДСМ, да се вратат во ЗЕЛС, затоа што само заедно, локалната самоуправа може да биде силна и да ги остварува своите права,
- Да се обидеме да ја исклучиме дневната политика од работата на ЗЕЛС, како и влијанието на политичките партии во функционирањето на институциите и да продолжиме, како и до сега, заеднички да ги решаваме проблемите со кои секојдневно се соочуваме и за што сме избрани од граѓаните
- Набрзо да се одржи седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, на која се надеваме дека ќе присуствуваат и градоначалниците од СДСМ, и на која со заеднички сили ќе продолжиме да работиме понатаму.
Заедница на единиците на локалната
самоуправа на Р.Македонија - ЗЕЛС
Потпретседатели на ЗЕЛС
Коце Трајановски с.р.
Невзат Бејта с.р.
|
|
Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје,
Грантови за меѓуопштинска соработка за четири општински конзорциуми
|
Липково со Арачиново; Охрид со Дебарца; Делчево, Виница, Пехчево и Берово заедно и Чешиново-Облешево со Зрновци се наградените општини со четирите гранта со вкупен износ од 60.000 евра, од Грантовата шема за меѓуопштинска соработка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, чија цел е поддршка на ЕЛС во текот на процесот на децентрализација и охрабрување на партнерската соработка меѓу општините
“Меѓуопштинската соработка е инзворедна алатка, особено за помалите општини со лимитирачки извори, а грантот ќе им овозможи на 10 општини заеднички да ги имплементираат проектите кои треба да им донесат бенефит на граѓаните”, рече Александро Тадеско, Раководител на одделените за реформа на јавната администрација во ОБСЕ за време на објавувањето на резулатитете на 15 јули, 2008 година, откако беше спроведена евалуацијата од страна на Комисија која од 07-14 јули вршеше авалуација на апликациите.
Избраните проекти опфаќаат две иницијативи за локален економски развој и два проекта за подобрување на услугите, поточно за администрирање на даноци и зголемување на капацитетите за урбано планирање.
Вкупно 36 општини беа опфатени во 10-те пријави со кои аплицираа за добивање на грант, а само овие четири конзорциуми од општини, добија грант во износ од 60,000 евра. И централните власти преку Министерството за локална самоуправа ја подржуваат оваа иницијатива и земаа активна улога при оценувањето на проектите.
Со секој од селектираните конзорциуми, ОБСЕ ќе склучи договор за имплементација чие спроведување треба да заврши до крајот на декември, оваа година.
Три од вкупно десетте пријави беа одбиени поради тоа што не ги исполниле административните услови содржани во упатставата на грантовата шема. Останатите пријави беа оценети согласно критериумите содржани во самите упатства, и тоа по следниот редослед: Липково, Охрид, Делчево, Чешиново-Облешево, Кочани, Ново Село, Битола, Велес, Росоман, Дојран.
Комисијата задолжена за евалуација на предлозите во рамките на грантовата шема за меѓуопштинска соработка на ОБСЕ, на Одделот за реформа на јавната администрација, ја заврши процедурата на 14 јли, 2008 година, а резултатите беа објавени наредниот ден.
Комисијата беше во состав од следниве членови:
- Аќим Емурли (ОБСЕ) претседавач,
- Маја Суботиќ (ОБСЕ), член,
- Заге Филиповски (ОБСЕ), член,
- Рахим Муслиу (МЛС), член и
- Гордана Милошевиќ- Јуруковска (УНДП), член
Оваа иницијатива за грантова шема произлезе од резулатите од направените извештаи и собрани податоци од страната на Мисијата на ОБСЕ во 2006 и 2007 година, со што беше заклучено дека меѓуопштинската соработка е корисна алатка за развој на општините. |
|
Оддржана седница на Комисијата за рурален развој |
На 17 јули, 2008 година, Комисијата за рурален развој, одржа состанок на кој освен дел од нејзините членови присуствуваа и повеќе градоначалници од рурални општини, до кои беше испратена отворена покана за присуство на седницата. Комисијата разгледуваше многу прашања меѓу кои за земјоделското земјиште и неговото значење за локалната самоуправа; проблемот со правото на доделување на концесии; проблемите на руралните општини со образованието, каде посебен акцент беше ставен на прашањата поврзани со превозот на ученици и снабдувањето на училиштата со материјали за огрев. Исто така се говореше и за нередовното и недоволно снабдување со електрична енергија на руралните средини, а беше покрената иницијатива за отварање на аптеки во руралните општини.
По исцрпната дискусија беа донесени и бројни заклучоци. Во однос на прашањето за земјиштето, беше заклучено дека руралните општини се заинтересирани за градежното неизградено земјиште и бараат право на управување на овие општини врз земјоделското земјиште и градежното земјиште. Беше потенцирано прашањето општините да бидат вклучени при распределбата на државното земјоделско земјиште, да имаат увид во податоците на издаденото државно земјоделско земјиште под закуп, за секоја општина, како и увид во податоците на замјиштето кое се уште не е дадено под закуп. Средствата добиени од закупнините на земјоделското земјиште да се распределат во сооднос 50/50 помеѓу државата и општината . Продолжува...
|
|
Конференција за Ново Територијално Раководење |
Во организација на Urban Intergroup на Европскиот Парламент , а со поддршка на ЦЕМР, ќе се одржи Конференција за ново територијално раководење на 15 септември, 2008 година во Reims, Франција. ЦЕМР како партнер на Urban Intergroup на Европскиот Парламент ја подржува оваа важна конференција на која ќе се зборува за новите достигнувања за повеќестепено раководење и имплемантацијата на локалано и регионално ниво. На оваа тема ќе зборуваат и претставници од Европскиот Парламент како и од други европски институции, локални и регионални асоцијации, градоначалници и академици.
Конференцијата ќе се фокусира на неколку важни елементи за новото територијално раководење како:
- Како да направат и имплементираат успешни, кохерентни и содржајни стратегии за одржлив развој на одредена територија
- Како да ги вклучат на ефективен и интегративен начин и останатите засегнати страни за развој на територијата(бизнис сектор, граѓани, организации).
Конференцијата ќе биде затворена со прокламација на Reims Appeal, политички документ со кој се покануваат јавните власти да ги развијат практиките од Новото Територијално Раководење.
Во прилог ја објавуваме и поканата и програмата за конференцијата.
Reims Conference (15 SEP 2008) - Invitation Reims Conference (15 SEP 2008) - Letter Reims Conference (15 SEP 2008) - Letter fr
За подетлани информации може да контактирате со Boris Tonhauser од CEMR, boris.tonhauser@ccre-cemr.org, +32 2 500 0539.
|
|
Парламентарците ја прифатија иницијативата на ЗЕЛС за измени во Законот за Централен Регистар
|
Како резултат на континуирани заложби на ЗЕЛС за надминување на неповолните состојби за општините во врска со надоместокот и префрлањето на податоците од Централниот Регистар на Република Македонија, на седница на Собрание на РМ, оддржана на деветти јули, 2008 година, пратениците ја прифатија доставената иницијатива на ЗЕЛС, за измени и дополнувања на Законот за Централен Регистар. Измената е веќе објавена во Службен Весник на РМ од 16, јули, 2008 година. Со ова одредба, корисници на податоците од регистарот, без надоместок, покрај Владата и останатите органи на управата се и единиците на локалната самоуправа (член 1 од измената).
Ова навистина претставува големо достигнување на ЗЕЛС, во постепеното реализирање на крајната цел - законски измени, со кои општините нема да му плаќаат на Централниот регистар за користењето и префрлањето на податоците за сите правни субјекти на нивната територија, запишани во трговскиот регистар и регистерот на други правни лица, кои согласно Законот за комунални такси подлежат на наплата на комуналии. Исто така, за сите извршени промени кај трговските субјекти на територија на ЕЛС, ЦР ќе и доставува податоци на општината, потребни за ажурирање на општинската база на субјекти кои подлежат на обврската за плаќање на комунална такса-фирмарина (која претставува една од изворните приходи на општината)
ЗЕЛС, поднесената иницијатива за изменување и дополнување на Законот за централниот регистар адекватно ја аргументираше, со тоа што ги наведе постоечките неправилности, укажувајќи дека во членот 114 став 3 од Уставот на Република Македонија се утврдува дека општините се финансираат и со средства од Републиката – Буџетот на Република Македонија, исто како и корисниците и единките на корисниците на средства од Буџетот на Република Македонија од областа на законодавната, извршната и судската власт. Во членот 117 став 3 од Уставот, се утврдува дека и градот Скопје се финансира и со средства од Републиката. Оттука произлезе и ставот на ЗЕЛС дека и единците на локалната самоуправа треба да бидат опфатени со одредбата на член 18-а став 2 од Законот за Централен регистар. Во поткрепа на овој наш став, цитиравме и две законски одредби од кои произлегува дека единиците на локалната самоуправа се третираат еднакво со корисниците и единките на корисниците на средствата од Буџетот на Република Македонија:
- Согласно член 8 точка 1 од Законот за даноците на имот (,,Службен весник на Република Македонија,, број 61/2004 и 92/2007), данок на имот не се плаќа на недвижен имот во државна сопственост кој го користат државните органи, недвижен имот во сопственост на општината кој го користат органите на општината, органите на општините во градот Скопје и органите на градот Скопје.
-Во членот 6, став 1, точка 1 од Законот за комуналните такси (,,Службен весник на Р.М.,, бр. 61/2004...64/2005), се утврдува дека “…комунална такса не се плаќа за фирма на државни органи, на органи на општината, на органи на општините во градот Скопје и на органи на градот Скопје...”
Имено, напорите на ЗЕЛС за добивање на базата на податоци од ЦР започнаа пред две години, а во рамките на овие активности, минатата година на 24 јули 2007, година ЗЕЛС потпиша договор со ЦР за користење на податоците, при што исто така успеа да обезбеди префралањето на информациите да биде со повластени цени.
|
|
Заклучоци и препораки од Конференцијата за Јавно приватно партнерство
|
Јавно-приватното партнерство (ЈПП) претставува уникатен извор на финансии и ефикасен модел за финансирање и изградба на разни видови комунална и социјална инфраструктура на локално ниво. Приоритетни области за негова имплементација во нашата земја се проектите од областите на енергетската ефикасност, изградба и модернизација на комунални инфраструктурни системи, проекти за изградба на јавни објекти за снабдување со гас, противпожарна заштита, паркови и друго. Ова е генералниот заклучок на учесниците на Конференција „Предности и инструменти на ЈПП – насоки на Законот за концесии и други видови на јавно-приватно партнерство” во организиација на ЗЕЛС, со финансиска подршка на Британската Амбасада во РМ, посветена на презентација и промоција на решенијата кои ги нуди Законот за концесии и други видови на јавно-приватно партнерство, донесен во јануари годинава .
Од Конференцијата произлегоа и други размислувања и заклучоци, кои што присутните експерти ги преточија во документ ,,ЗЕЛС Извештај од Конференцијата за јавно-приватно партнерство,,. Во него е наведено дека како главни предизвици со кои се соочуваат ЕЛС при имплементација на ЈПП се несоодветни капацитети на општините но, и на јавните претпријатија, резултат на недоволната запознаеност и искуство со ЈПП, или накратко, кадровскиот и финансискиот дефицит за подготовка на потребната документација за пристапување кон ЈПП. Понатаму, според дискусиите на учесниците, како проблем забележан е и недостатокот на домашни експерти и експертиза, па општините се принудени да ангажираат странски експерти со што се одолговлекува временскиот период, но и се обременува буџетот на целиот проект. Засега како најсериозен проблем за примена и заживување на ЈПП, детерминирано е недоволното познавање на концептот и придобивките од ЈПП од страна на пошироката јавност.
Во Извештајот дадени се и препораки од Конференцијата кои меѓу другото вклучуваат утврдување на надостатоци и потреби како и дефинирање и изработка на модели за ЈПП, обука на општинската администрација и јавните претпријатија за сите релевантни аспекти на ЈПП, организирање на различни видови на настани помеѓу јавниот сектор на локално и центално ниво и приватниот и цивилниот сектор за размена на мислења и искуства во поглед на моделите и можностите за финансирање и обезбедување на јавни услуги согласно овој концепт. Како следни чекори беа препорачани и одредени промотивни активности за подигање на јавната свест: а) публикација која ќе содржи објаснување на концептот и придобивките од ЈПП, како и најдобрите практики од земјава и регионот на ЈИЕ и б) веб страна посветена на ЈПП.
Отвори ,,ЗЕЛС Извештај од Конференцијата за јавно-приватно партнерство,,.
,,Konferenca e BNJVL-se per partneritet publikoprivat
,Raporti i konferences,,
|
|
Оддржана 11-тата седница на Управниот Одбор на ЗЕЛС
|
На осми јули, 2008 година, во просториите на Општина Чаир, беше одржана 11-тата седница на Управниот Одбор на ЗЕЛС. Беа разгледани повеќе прашања од работењето на единиците на локална самоуправа меѓу кои политиката на ЗЕЛС за земјиштето, можностите за зголемување на изворните приходи на општините, реафирмација на ставовите на ЗЕЛС во однос на Законот за фин ансирање на ЕЛС, состојбите во втората фаза од децентрализацијата со посебен осврт на проблемот со општините кои имаат блокирани сметки и оние кои немаат соодветни технички капацитети. Беше дискутирано и за функционирањето на Комитетот на регионите, за проблемите на противпожарните служби, за продолжувањето на трендот на непринципиелното одземање на надлежностите во образованието на општините, за активностите на Министерството за земјоделство поврзани со управувањето на земјоделското земјиште, за неискористените средства предвидени за финансирање на проекти, согласно Законот за рамномерен регионален развој, како и за други актуелни прашања.Продолжува...
|
|
Андреј Петров се повлече од функцијата претседател на ЗЕЛС
|
Претседателот на ЗЕЛС, Андреј Петров, на 11 седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, што се одржа на осми јули во просториите на Општина Чаир, официјално се повлече од челната позиција на националната Заедница на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија - ЗЕЛС. Причината за неговото повлекување е новодоверениот мандат за член на Собранието на Република Македонија, што го доби од народот, по спроведувањето на последните вонредни парламентарни избори во нашата земја.
За пополнувањето на претседателското место во ЗЕЛС, односно за именувањето на лицето кое според Статутот на ЗЕЛС ја претставува Заедницата, ги свикува седници на УО, претседава со истите и ги координира активностите на ЗЕЛС, беше договорено дека ќе биде разгледувано во понатамошниот период. До донесувањето на конечниот став, како што е утврдено во Статутот на ЗЕЛС, со седниците на Управниот одбор ќе претседаваат еден од двајцата потпретседатели на ЗЕЛС, односно наизменично ќе претседаваат или градоначалникот на Општина Гостивар, Невзат Бејта или градоначалникот на Општина Гази Баба, Коце Трајановски.
-,,Функцијата претседател на ЗЕЛС ја чувствував како голема привилегија, но многу повеќе како огромна обврска да работам за оддржувањето и подигањето на имиџот на ЗЕЛС како асоцијација на сите општини во земјата како и за подигањето на имиџот на сите општини подеднакво, како единиците на локалната самоуправа кои се грижат на своите граѓани да им пружат квалитетни услуги и да им обезбедат подобри услови за живот. “Со овие зборови, Андреј Петров им се обрати на присутните членови на Управниот одбор, при своето последно обраќање, како претседател на ЗЕЛС. Тој во својот говор истакна неколку клучни аспекти во досегашното негово работење на оваа позиција, укажувајќи дека е горд што беше претседател токму во периодот кога започна спроведувањето на процесот на децентрализацијата, период полн со проблеми и предизвици. Укажа дека бројно постигнатите успеси на ЗЕЛС се резултат на голем заеднички ангажман на сите единици на локалната самоуправа, нивните градоначалници и советите, но пред се на големото единство и доверба кое е созададено во рамките на ЗЕЛС, каде интересите на граѓаните се на прво место, независно од етничката или партиската припадност. - ,,Токму затоа, истакна Петров, иднината на ЗЕЛС, иднината на децентрализацијата во земјава, лежи токму на овој концепт на единство и е најдобриот пат и сила што може Македонија да внесе во Европа и Европската Унија”. За неговите досегашни успеси како претседател на ЗЕЛС, Петров посебно им се заблагодари на двајцата потпретседатели за одличната соработка и континуирана поддршка што ја добивал од нив како и на стручната служба на ЗЕЛС. Тој исто така укажа дека досегашните искуства како градоначалник и како претседател на ЗЕЛС, во многу ќе му помогнат во извршувањето на новата обврска на народен пратеник во Собранието, каде во наредниот период особено ќе се залага за обезбедување на поголема финансиска независност на локалната од централната власт.
|
|
|
|
|